Среда, 16 Февруари 2022    PDF Печати Е-пошта
Панче Поповски

1pa21 Панче Поповски

Панче Поповски – Максе (1924 – 1944) е македонски комунист, учесник во Народноослободителната борба (НОБ). Бил припадник на работничкото и комунистичкото движење. Во 1941 година станал член на КПЈ, а во 1942 година секретар на МК на КПЈ во Гостивар. Се истакнал во подготовките за формирањето на партизански одреди, а од 1943 година бил борец на Првата македонско-косовска бригада, а потоа иа Првата македонска народноослободителна ударна бригада. Херојски загинал во борбите за ослободувањето на Дебар  во летото 1944 г. Прогласен е за Народен херој на Југославија на  9.09.1953 г.

Панче Поповски е роден во 1924 година во Гостивар, во сиромашно семејство. Основно училиште завршил во Гостивар, две одделенија гимназија во Скопје. Третит клас гимназија го завршил во Ниш, каде се вклучил во револуционерното младинско движење. По враќањето во Гостивар тој ја продолжил својата револуционерна активност.

По априлската војна во 1941 година, окупацијата на Кралството Југославија го затекнала Панче во Гостивар. Тој бил член на Сојузот на комунистичката младина на Југославија (СКОЈ) и во неговата куќа се одржувале состаноци на комунистите. На почетокот на 1942 година станал член на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ) и истата година станал член на Месниот комитет на КПЈ во Гостивар. Често ги обиколувал селата за да ги придобие младинците за НОБ и го организирал нивното заминување во партизанските одреди.

Во август 1943 година Панче Поповски – Максе се вклучил во партизанската единица и станал борец во Првата македонско-косовска бригада. Кон крајот на 1943 година, се истакнал во борбата за одбрана на слободната територија во Дебарци.

Панче бил испратен како делегат на Првиот конгрес на антифашистичката младина на Македонија одржан во селото Фуштани на 22 декември 1943 година. На конгресот зборувал за борбата и за претстојното ослободување, а бил избран за член на Главниот одбор на Народноослободителен младински сојуз на Македонија (НОМСМ).

Панче се вратил во Дебарце со Првата македонско-косовска пролетерска бригада во пролетта 1944 година. При формирањето на Првата македонска бригада, на 8 јуни 1944 година, во струшкото село Локов, бил назначен за заменик политички комесар на баталјонот.

Истиот месец бригадата започнала со издавање на весникот „Народен војник“, во кој се пишувало за борбите и животот во бригадата. Главни редактори биле Владо Малевски и Илија Топаловски, а меѓу писателите како Илија Јосифовски, Крсте Црвенковски, Владимир Полежановски, Жамила Колономос, Кемал Аголи и др., бил и Панче Поповски.  

Во жестока борба за ослободување на Дебар, во текот на месец август 1944 година, Панче бил убиен од непријателска граната кај селото Татар Елевци.

По повод 11 октомври - Денот на востанието на Македонија, Панче Поповски бил прогласен за народен херој на Југославија на 9 октомври 1953 година.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.