Среда, 23 Февруари 2022    PDF Печати Е-пошта
Борис Џонов

703

Борис Џонов

Борис Џонов (1. ⅩⅠⅠ 1913 - 25. Ⅴ 1943) е македонски културно-национален деец и литературен творец. Во 1926 г. бил испратен на школување во унијатскиот интернат во Загреб, но поради судир со воспитувачите во 1928 г. бил истеран од интернатот. Со самоиздржување завршил гимназија и Правен факултет во Загреб. Активно се вклучува во движењето на македонската студентска младина во Загреб и станува член на СКОЈ. Органот на ВМРО(Об) „Македонско дело“ го пропагирал меѓу Македонците на Загрепскиот универзитет.  Исто така тој се наоѓа меѓу основачите на тогаш основаното Македонско културнопросветно друштво „Вардар“ што развива поширока културно-национална активност.

Борис Џонов е роден на 1 декември 1913 година во Богданци. Поради воените состојби, уште како тригодишен бил евакуиран со родителите Илија и Марија во Гевгелија, каде што останал до завршувањето на Првата светска војна. Во Гевгелија завршил  основно образование, а бидејќи немал средства за понатамошна наобразба во 1926 година, како унијат, бил испратен на школување во католичкиот интернат во Загреб, каде што бил подготвуван за унијатски свештеник. Но поради неговиот темперамент дошол во судир со воспитувачите и во 1928 гидина бил истеран од интернатот. Со цел да стекне наобразба, со самоиздржување во 1932 година ја завршил Ⅱ класична гимназија во Загреб и во следната година се запишал на Правниот факултет, кој го завршил во 1939 година.

Пред Втората светска војна, хрватската национално средина била доста разбранувана. Во такво опкружување, Џонов пројавил интерес за националното ослободување на македонскиот народ, што го довело и до првото затворање во 1931 година. Џонов активно се вклучил во движењето на македонската студентска младина во Загреб и станал член на СКОЈ во 1935 година. Го добивал и пропагирал органот на ВМРО(Об) „Македонско дело“ меѓу Македонците на Загрепскиот универзитет.

Во овој период била поведена акција за проучување на македонската историја и култура и за афирмација на македонскиот јазик. Борис Џонов бил еден од основачите и поактивните членови на тогаш основаното Македонско културнопросветно друштво „Вардар“, кое развива поширока културно-национална активност. Со учеството во редовите на напредното студенстко движење на македонските студенти тој се здобил со драгоцено искуство за револуционерната борба. Во Загреб се формира иницијативен “Одбор” за создавање на македонски народен покрет “МАНАПО”, во кој влегуваат: Кузман Јосифовски –Питу, Страшо Пинџур, Jосиф Јосифовски-Свештарот, Борис Џонов-Џони.

На 1. Ⅵ 1936 г. била донесена Резолуција за Македонија, правно формулирана од Борис Џонов, и биле организирани предавања на актуелни македонски теми и пробеми, па се формира Студентски македонски хор, кој во јули 1936 година. извел успешна екскурзија со концерти во Македонија, иако на крајот концертите биле забранети.

Раководствата на македонските студенти од Загреб, Белград и Скопје на 28 август 1936 година. организирале нелегален состанок во Охрид, на кој бил присутен и Борис. На состанокот било формирано движењето на македонските студенти Македонски Народен Покрет или Македонско Народно Движење (скр. МАНАПО), со политичка декларација како програмски документ која била потпишана од околу 200 македонски студенти од Загреб и Белград. Политичките ставови МАНАПО ги изразува во документот „Политичка декларација“ во која меѓудругото стои: Документот да се растури низ Македонија; МАНАПО да се бори за Македонскиот народ; Да се води успешна борба против фашизмот; Национална слобода на македонскиот народ и т.н.

На 30. Ⅲ 1937 г. во Загреб веќе бил отпечатен првиот (и единствен) број на весникот „Наш весник“ – орган на Друштвото. „Вардар“ што веднаш бил забранет и запленет. Иницијатори за издавање на весникот беа Кирил Миљовски, Димитар Мицев, Боро Шукар (уредник). Во весникот пишуваат и соработуваат: Страшо Пинџур, Коста Солев-Рацин, Борис Џонов, а насловот на весникот графички го изработил помалиот брат на Борис, Кирил Џонов, кој исто така се школуваше во Загреб.

Во 1938 година Борис напишал леток на македонски јазик што е напечатен и испратен во Белград и во Македонија. Интензивно работиел во Универзитетската библиотека, правел македонска библиографија и барал литература за Македонија. Тогаш ја нашол и картата на Македонија од Јаранов, која колективно ја проучуваат, а тој ја донел и во Струмица, каде што живееле неговите родители и каде доаѓал секој летен распуст. Борис одиграл важна улога во будењето и организирањето на младината во Струмица. Држел предавања во Народниот универзитет, а во 1938 година бил избран за раководител на културно просветното друштво „Рељо Крилатица“

Уште како ученик пишува поезија на српскохрватски, но само една од нив е напечатена (со потписот Боро). Соработува во хрватскиот напреден печат, а од дваесетината стихотворби на родниот јазик само две се објавени (под псевдонимот БОЏО) на еден прилично унифициран македонски јазик што знатно се разликува од неговиот роден говор.

По завршувањето на студиите во 1939 година. заминал на отслужување на воениот рок, а потоа и на воена вежба во Штип. По окупацијата на Македонија во 1941 година. Борис останал без работа и дури во март 1942 година. бил назначен за кмет на родното Богданци.

Но, тој ја прифатил работата по наредба на КПЈ за Македонија. Како кмет на Богданци тој  формирал читалиште од кое ќе излегуваат млади луге за борба против фашизмот; обезбедувал оружје и финансиски страдства за партиската организација, но и работел на формирање на партизански одред. Поради соработката со ослободителното движење, уште во истата година бил отпуштен од службата и станал приправник во Струмичкиот суд.

Во ноември 1942 година. бил примен за член на Комунистичката партија и развил уште поголема националноослободителна активност. Со цел да се прошири партиската организација и во населените места Борис Џонов активно работел во селата: Вељeуса, Дабиле и Босилово. Извештаите на Борис Џонов до ЦК на КПМ спасија многу комунисти од апсења и судења.

Во Март 1943 година, согласно добиената директива од ЦК на КПМ донесува одлука да се формира народно ослободителен одбор како орган на власта во градот Струмица. Во тој народно ослободителен одбор влегол и Борис Џонов како секретар, а изборот бил извршен во неговата кука, каде се одржувале илегални состаноци.

Наскоро бил предаден и откриен од бугарските фашистички власти. На 13 мај 1943 година., заедно со група од 25 активисти, бил затворен од струмичката полиција, но во измачувањата тешко му бил повреден вратниот 'рбет и по тридневни маки умрел. За да се скрие злосторот,  бугарскиот окупатор го прогласил за избеган и телото му било изгорено во варница, а потоа била распишана потерница и одржено судење на 23-24 Јуни 1943 година. Иронично, но на смрт бил осуден веќе убиениот Борис Џонов, македонски револуционер и борец за создавање независна македонска држава. За тоа време родителите и сестраму биле интернирани во Бугарија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.