Среда, 23 Март 2022    PDF Печати Е-пошта
Дичо Андонов

1dij1  Дичо Андонов

Дичо Андонов ( 1882 – 31. V 1903) е македонски револуционер, костурски реонски војвода и член на Македонската револуционерна организација (МРО) Завршил петти клас во Битолската егзархиска гимназија, кога станал член на МРО. Дичо Андонов или Антонов, шознат како Лобански, во 1901 година станал нелегален, а во 1903 година бил назначен за реонски војвода. Во познатите борби при месноста Локвата и Вињари (крајот на мај 1903 година), заобиколен од османлиската војска, за да не падне жив во нивните раце, се самоубил.

Дичо Андонов е роден во 1882 година во  костурското село Лобаница, Егејскиот дел на Макединија, Основно училиште завршил во родното село, а потоа учел во Костурската егзархоска гимназија. Своето образование го продолжил во Битолската егзархиска гимназија, каде завршил петти клас и станал член на Македонската револуционерна организација (МРО). Во Битола негов близок другар бил Атанас Кршаков, со кого ја оставиле науката и ја зеле пушката за да се борат за слобода на Македонија.

По завршувањето на петтиот клас на гимназијата во Битола, Дичо се вратил во родниот крај и пристапил на Костурскиот кружок во кој биле Лазар Поп Трајков, Лазар Москов, Пандо Кљашев, Васил Чакаларов и др. Во 1901 година станал нелегален и како четник на МРО, другар по оружје, учествувал во сите големи борби во Костурско.

Во 1902 година Дичо учествувал во борбата кај Вишени, во која загинале Лазар Москов и Никола Рашајков. Во март 1903 година бил назначен за реонски војвода на Д’мбенскиот реон, а на само два месеци пред Илинденското востание, участвувал во битката кај Смрдеш, водена од Борис Сарафов, Васил Чекаларов и Пандо Кљашев. Во борбата против неколку пати побројниот непријател, учествувале селските чети од селата Д’мбени и Косинец, како и четата на Дичо Андонов. 

На 31 мај 1903 година четата на Дичо Андонов – Лобански била опколена во Д’мбенската планина од многубројната потера  на османлиската војска и по долгиот и крвав бој во местноста Локвата, се самоубил, за да не биде биде заробен.

Во борбата која траела цели четиринаесет часа, меѓу 1000 турски војници и околу 150 македонски четници, загинале околу 200 Турци и околу 15 македонски четници меѓу кои: младиот војвода Дичо Андонов, Кољо п. Станишев Шинчето, Христаки Киселинчев, Лаки Поповски Бомбаџијата, Лазар Цуцулев, Георги Чекаларов и др.

Младиот војвода Дичо Андонов не бил заборавен од месното македонско население, а Лазар Поп Трајков го увековечил во поемата „Локвата и Вињари“.

„...До еден со доблест станаа жртви
на храбриот Дичо четниците горди;
и ранети тука, па дури и мртви,
насилија трпат од турските орди.

(...)

И верен на честа, на должноста верен,
млад Дичо што уште душа крепи страдна,
во челото свое со парабел вперен,
од својата рака тој усмртен падна....“

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.