Среда, 06 Април 2022    PDF Печати Е-пошта
Страхил Андреев

1l21321  Страхил Андреев

Страхил Андреев (19. III 1910 – 1989) е македонски боксер, основоположник на боксот во Македонија. Меѓу двете светски војни, од 1924 година бил на печалба во Египет каде почнал да се занимавал со бокс. Во периодот од 1930 до 1933 година бил трикратен државен првак во бокс. За Репрезентацијата на Египет боксувал против Алжир, Тунис, Либија и Грција. Од 30 професионални борби имал 24 победи, 4 нерешени и 3 порази. Во 1946 година се вратил во Македонија и бил организатор и тренер на неколку скопски клубови и на Македонската репрезентација.

Страхил Андреев е роден на 19 март 1910 година во Скопје, во скопското Пајко Маало. Неговит татко Коста имал бакал, но поради економската криза, во 1924 година заминал на печалба во Египет.

Во 1927 година Андреев почнал активно да се занимава со бокс. Тој се зачленил во боксерскиот клуб „Олимпик“ во Александрија и брзо напредувал. Како аматер имал околу 80 мечеви на кој прикажал убав стил и одлична техника. По само три години занимавање со бокс станал аматерски првак во бокс во Египет.

Во периодот од 1930 до 1933 година Страхил Андреев бил трикратен државен првак на Египет во велтер категорија. Тој боксувал за Репрезентацијата на Египет против Алжир, Тунис, Либија и Грција.

Поради своите успеси во аматерскиот бокс, во 1933 година Страхил станал професионален боксер. Добил лиценца под името „Стратис Андреевиќ“ и имал 30 професионални борби, од кои 24 победи, 4 нерешени и 3 порази.

По Втората светска војна се вратил во татковината. Во 1946 година Страхил се вратил во Македонија и продолжил да живее со боксот. Тој бил организатор и тренер на неколку скопски клубови и на Македонската репрезентација. На негова иницијатива биле основани првите боксерски клубови „Победа“ и „Вардар“, а како тренер создал многу врвни македонски боксери, кои подоцна станале истакнати тренери и судии. 

За успешниот развој на боксот во Македонија и Југославија Страхи добил многубројни признанија, како и ордените: „Орден на трудот од трет ред“ (1959) и „Орден за заслуги за народ со сребрена ѕвезда“ (1961).

Страхил Андреевски починал во 1989 година во Скопје.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.