Среда, 13 Април 2022    PDF Печати Е-пошта
Михали Апостолов – Гранити

1909 Михали Апостолов – Гранити

Михали Апостолов – Гранити (25. XI 1923 - 31. III 1948) е македонски партизан, борец во Егејскиот дел на Македонија. Од почетокот на 1943 година бил учесник во ЕЛАС, борец на НОПО „Лазо Трповски“, политички комесар на чета на Костурскиот македонски НО баталјон, командир на вод во Костурсколеринскиот македонски НО баталјон „Гоче“, член на Штабот на ДАГ за Вичо во ноември 1946 година и политички комесар на баталјон на ДАГ, на која должност и загинал.

Михали Апостолов е роден на 25 ноември 1923 година во костурското село Крчишта.  Завршил основно училиште во родното село, а по смртта на татко му и помагал на мајка си во земјоделските работи  Потоа заминал во Лариса да учи шивачки занает.

За време на инвазијата на нацистичка Германија врз Грција во 1941 година, Апостолов, заедно со негови сонародници го собирал напуштеното оружје од грчката војска која се повлекувала од албанскиот фронт.

На 20 годишна возраст станал член на Грчката комунистичка партија (КПГ), која му ветувала слобода на македонскиот народ. Во ЕЛАС се приклучил на почетокот на 1943 година и херојски се борел за ослободување на татковината од хитлеровиот фашизам. Набргу станал еден од водечките команданти.

Есента истата 1943 година стапил во партизанскиот одред „Лазо Тарповски“, во средината на мај 1944 година заминал за Вардарска Македонија поради судир со раководството на ГКП, а подоцна бил командант на вод во Костурско-леринскиот баталјон „Гоче“.

По договорот од Варкиза во февруари 1945 година, тој ја продолжи борбата за независност. Во ноември 1946 година Михали Апостолов станал член на партизанскиот штаб на ДАГ на планината Вичо и политички комесар на батаљонот на ДАГ. Во архивите на бригадата на ДАГ за него стои запишано дека „тој беше чесен, дициплиниранм посветен борец.“

Во еден од своите говори во фебруари 1948 година изјавил: „Ние ќе го исполниме долгот кон нашата татковина до последната капка крв“ Набргу потоа ја пролеа својата крв во борба со фашистите.

Михали Апостолов – Гранити загинал на 31 март 1948 година како комесар на баталјон во областа Клепчево за време на битката на  Грамос.

Покрај Михали и негово семејство, било вклучено во народноослободителната борба. Неговата сестра Елефтерија служела како народен полициски офицер во срцето на непријателските војски, поради што нејзиното здравје било нарушено. Неговиот 19-годишен брат Апостол, борец на ДАГ, бик убиен во 1948 година набргу по смртта на Михал.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.