|
||||
Тодор Николовски |
Тодор Николовски Тодор Николовски (16. I 1902 - 28. I 1999) е македонски драмски и филмски актер и режисер, еден од основачите на Македонскиот народен театар. Пред Втората светска војна бил актер во Народното позориште во Скопје, а за време на војната до 1944 година во Театарот. Потоа бил учесник во НОВ и е еден од основачите на драмската група „Кочо Рацин“, формирана на слободната територија во Горно Врановци при Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Во 1947 година настапил на свечаното отварање на Обласниот народен театар во Горна Џумаја. Од 1945 до 1974 година бил член на МНТ, каде остварил многу улоги, некои од антологиско значење. Тодор Николовски - Тодорче е роден на 16 јануари 1902 година во Велес, во револуционерно семејство. Тој бил дете на комита, илинденец. Од 1909 година живеел во Скопје, а во 1919 година станал член на Народниот театар во Скопје. Најпрво бил сценски работник, а по завршувањето на едногодишниот курс (школа) за актерски кадри ја добил својата прва епизодна улога во пиесата „Потера“. Појавувањето на Тодорче како глумец на театарската сцена се поклопува со периодот кога се испишува македонската театарска историја. Во 1928 игра во „Бегалка“ од Васил Иљовски, во првата драма од македонски автор и на македонски јазик, а во 1936 година во „Печалбари“ од Антон Панов. До почетокот на Втората светска војна игра уште во “Чорбаџи Теодос” (1937), во “Парите се отепувачка” (1938), во “Милион маченици”(1939) и во “Антица” (1940). За време на Втората светска војна Тодор Николовски продолжил да работи во театарот. Во 1943 година на гостувањето на скопскиот театар со пиесата „Печалбари“ во Софија, Тодорче ја толкува улогата на стрико Кољо и во неа тој единствено го говори текстот на македонски јазик, Во 1944 година Тодорче заминал во партизани, каде се вклучил во партизанската културна-уметничка група „Кочо Рацин“, формирана на слободната територија во Горно Врановци при Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Заено со Петре Прличко го основале првиот партизански театар. Во 1945 година за првпат се пројавил и како режисер По ослободувањето на Македонија целосно се препушта на театарскиот живот. Во 1947 година настапил на свечаното отварање на Обласниот народен театар во Горна Џумаја. Тодор Николовски - Тодорче од 1945 па се до 1974 година кога се пензионирал бил член на МНТ. Во текот на својата кариера остварил многу улоги: Тартиф и Чорбаџи Теодос (во истоимените дела), Манас („Бегалка“), Жика („Сомнително лице“), Поткаљосин („Женидба“), Јусуф („Доходно место“), Актер („На дното“), Велко („Вејка на ветрот“), Гуштанов („Гоце“), Митре („Парите се отепувачка„) и др. Режии: „Народен пратеник“, „Чорбаџи Теодос“ (заедно со Петре Прличко), „Женачка и мажачка“, „Парите се отепувачка“, „Гоце“ (заедно со Димитар Ќостаров). Покрај театарот настапувал и во филмовите: „Мис Стон“, „Мирно лето“, „Мементо“, „Нели ти реков“. Исто така, Тодорче Николовски зад себе има оставено голем број режисерски остварувања низ театарите во Македонија, особено во ансамблите на Турската и Албанската драма и во Драмскиот театар, тогашен Младинско – детски театар, По повод 45 години континуирана уметничка дејност ја добил наградата за животно дело „11 Октпмври“. На 85 години настапил во јубилејната престава „Чорабаџи Теодос“, по побод пет децении од нејзината праизведна. Тодор Николовски починал на 28 јануари 1999 година во Скопје. |