|
||||
Деспот Баџовиќ |
Деспот Баџовиќ (1850 – 30. XI 1932) бил македонски оптественик, книжевник и револуционер кој работел во последната четвртина од 19 век. Во 1874 година напишал и објавил Буквар за српско-македонско основно училиште. Заедно со Тодор Станковиќ од Ниш и Коста Шуменковиќ од Охрид, протестирале пред Константинополската конференција поради вклучување на речиси цела Стара Србија и Македонија во Сан Стефанска Бугарија. Деспот Баџовиќ е роден во 1850 година. во Крушево во мијачко семејство. Во шеесетите години на 19 век учел во II одделение на Белградската богословија и како српски воспитаник се вкличил во делувањето на српската пропаганда во Македонија. Во 1873 година станал учител во Битолската патријаршиска школа, а во 1874 година порадо неразбирање на српскиот јазик од страна македонските деца, се пројавил како учебникар. Напишал и објавил Буквар за српско-македонско основно училиште. Имено тој е потписник на букварот за македонските училишта „Букварот за основните македонски училишта во Турското Царство“, кој бил напишан на дијалект на македонскиот јазик. По српско-турската војна во 1876 година, заедно со Тодор Станковиќ од Ниш и Коста Шуменковиќ од Охрид, протестирале пред Константинополската конференција поради вклучување на речиси цела Стара Србија и Македонија во Сан Стефанска Бугарија. Во 1878 година пристигнал во Србија, каде од Врање и Белград наставил да се бори за ослободување на Стара Србија и Македонија. Како одговор на проектот за Сан Стефанска Бугарија, тој напишал памфлет На која славјанска гранка им припаѓаат Славјаните во Горна Албанија и Македонија, За време на Втората српско-турска војна (1877-1878), заедно со Тодор Станковиќ, Милош Милојевиќ, архимандритот Сава Дечанец, Аксентије Хаџиарсич, Кост Шуменковиќ и Глигориј Чемерикиќ го формира Нишкиот комитет, револуционерно здружение и револуционерно друштво. кое имало за цел ослободување на југоисточна Србија. Во овој период Деспот Баџовиќ контактирал со повеќе македонски дејци меѓу кои со Темко Попов и Ѓорѓи Пулевски. За време на Кресненското (Македонско) востание (1878 -1879) тој бил спремен со луѓе да дојде и да се бори за ослободување на Македонија. Меѓутоа, во писмото што му го испратил војводата Пулевски на 8 јуни 1879 ходина, се вели: „ ..Преди еден месец видох писмо ут твојот брат Козман и му писах да дујде тука и собери колку се може поголема чета. Тогиз, кога му писах, азе ошче верувах за шчо сме тргнати да се биеме за Македонијата. И не самон азе, тук всите верувахме и бехме готови да мреме; или свобода, или смрт-трето нема. Ама не било така.Едно мислел волкот, а друго увчарот. Неколку дена напред дјаду владика Натанаил ми даде едно твое писмо. Прочитах го. Ти писуеш, Деспоте, как искаш доброволец и ветиш 1000-2000 доброволци. Тое јет убао и преубао. Ама азе кја ти реча да не идеш сос луѓе ваму, јер овде има нешчо лошо. Тук Болгарите се подигравает сос нас и вртат вода на своја вуденица заедно сос црнокапецот Натанаила, кујшто е Македонец, ама повеќе тегли на болгарско. Кја ти кажа, еве сос чети чекаме толкоз време да врвим уф Турцко и се бијаме за нашата слобода, ама не пуштает. Кладоја огон и сега искет поекје тревога пред Јевропа, Еве мојте војници се растурају полека, а и азе немат шчо да чекам. Ако наистину имеш 1000 до 2000 добоволци, моли сербската влада да помогнит, есапа почиовечни сет. Тугај и јазе сос чета кја дојда, а и друзите кја кренит и вси заедно да удрим на Турчин ут север. Писмово мое не го давај никуму, да не го најдите црнокапецот Натанаил. Јави ми да зема со време мерки!“ Во 1885 година Деспот Баџовиќ го издал национално-политичкиот панмфлет „Искрена реч Србо-Македонцима“. Како секој Македонец што завршил училиште во некоја странска земја и тој си ја проколнувал судбината што бил орудие на една пропаганда, чии цел била спротивна на интересите на неговата Македонија. Па често пати знаел да зборува за „македонски Славјани“, Самуиловото царство го нарекува „чисто славјано-македонско“, додека самиот повеќепати за него и за македонскиот народ го употребува терминот „ние самите Македонци“. Тој со своите произнесувања за Македонците и Македонија, за нивната разлика од другите, јасно ги диференцира нив како одделен народ од останатите на Балканот.. Деспот Баџовиќ починал на 30 ноември 1932 година во Владичин Хан, Кралство Југославија. |