|
||||
Христо Калајџиев |
Христо Калајџиев (28. Ⅷ 1886 – 26. Ⅳ 1964) е македонски револуционер, деец на македонското револуционерно движење и на Бугарската комунистичка партија (БКП). Во 1919 година бил член на БКП задолжен да дејствува меѓу македонската прогресивна емиграција и македонското население во Пиринскиот дел на Македонија. Бил апсен, затворан и интерниран во концентрациони логори. Постоењето на македонската нација го сметал за факт, но по Резолуцијата на ИБ во 1948 година се солидаризирал со големодржавната политика на БКП. Христо Константинов Калајџиев е роден на 28 август 1886 година во Ениџе-Вардарско, Егејскиот дел на Македонија. Се образувал во Скопје, Сер и Солун. По завршувањето на мапката гимназија во Солун, извесно време работел како учител во Турската империја, во Источна дел на Македонија, каде развивал револуционерна дејност како член на Македонската револуционерна организација. Потоа се префрлил во Бугарија, каде развивал активна дејност меѓу македонската емиграција и македонското население во Пиринскиот дел на Македонија . Во 1919 година Христо Калајјиев станал член на БКП, а меѓу 1925 и 1927 година бил член на Извршното биро на ЦК на БКП. Тој исто така бил меѓу основачите на Работничката партија и го уредувал нејзиниот печатен орган „Работническо дело“ (1927-1928). Во меѓувреме, тој бил член на Сојузот на македонските добротворни братства и на ВМРО (обединета), каде што дејствува заедно со Борис Михов, Темко Темков и Александар Мартулков. Во периодот 1927-1931 година бил пратеник во XXII народно собрание на Бугарија. Во 1935 година бил уапсен и суден според Законот за заштита на државата заедно со другите членови на ВМРО (Обединета). Бил осуден на 5 години затвор и парична казна од 50.000 лева. Во затвор бил од 1935 до 1938 година. Во 1941 година бил испратен во политичкиот работен логор „Крстопол“ или „Еникој“ кај Ксанти, каде што останал до 1943 година. Во 1943 година станал член на Регионалниот комитет на Отечествениот фронт во Софија. По државниот удар на 9 септември, во Софија го потпишал „Апелот до Македонците во Бугарија“. Потоа бил назначен за претседател на Сојузот на македонските културно-просветни организации и бил назначен за потпретседател на Македонскиот научен институт заедно со Георги Кулишев и претседателот Димитар Силјановски. Помеѓу 1944 и 1945 година, Калаиџиев бил приврзаник за создавање на единствена обединета Македонија. Во својата книга „Федерална Македонија и великобугарскиот шовинизам“, објавена во 1945 година, Калаиџиев ја брани „македонската нација“ и „македонски јазик“: „Но, постои едно прашање што ги тера тука луѓето да се мрштат, да прават кисели лица и да бидат запрепастени. Тоа е прашањето на македонската нација. За ова прашање реков: македонската нација е еден јасен, цврсто утврден факт во денешната македонска реалност. И во животот не е важно што било, туку што е денес. Најпакосна, најнереална политика е да сакаш да ја смениш денешната реалност заради историјата...Точно е дека Македонците некогаш биле заедно со Бугарите во црковната борба. Но, точно е и дека Македонците живеат одделен живот повеќе од 60 години. Точно е дека во тоа време живееле самостоен политички живот и се стремеле кон посебна држава. Точно е дека дадоа илјадници жртви во борбата против освојувачката политика на балканските земји, дека за време на нивната окупација за време на војната уште повеќе се оддалечија од нив поради безобзирните тамошни режими, а денешната војна и злосторствата на Бугарските фашисти таму конечно ги формираа Македонците во посебна нација. ... Многумина се мрштат дека јазикот бил груб. Да, груб, како и секој друг јазик во својот почеток. Нели бугарскиот јазик бил груб во времето на Каравелов и П.Р.Славејков? Јазикот е прашање на долга еволуција и навика на увото, како и на чувствата со кои се однесувате кон него." Но, по Резолуцијата на ИБ во 1948 година, наполно се солидаризирал со големодржавната политика на БКП. Во периодот на промените во политиката за македонското прашање и влошувањето на бугарско-југословенските односи, кога луѓе заради промакедонски или пројугословенски позиции во Бугарија биле оптужени за југословенски агенти и ликвидирани. Калјџиев за да го избегне прогонот застанал на страната на пробугарските позиции. Помеѓу 1958 и 1964 година бил член на ЦК на БКП и претставник на народот. Добитник е на орденот „Георги Димитров“ (1958, 1959, 1961). Христо Калајџиев починал на 26 април 1964 година во Софија. |