Среда, 07 Септември 2022    PDF Печати Е-пошта
Веселинка Малинска

18032

Веселинка Малинска (4. I 1917 - 12. XI 1987) е македонски национален и комунистички деец, првоборец, новинар и политичар. По Априлската војна во 1941 г. била главната курирска врска на ПК на КПЈ за Србија и ЦК на КПЈ со Белградскиот НОПО и со партиските организации во Србија. Во пролетта 1942 г. се вратила во Македонија и била секретар на МК на КПЈ во Скопје и уредник на неговото гласило „Весник“. Наскоро заминала како борец во Вториот скопски НОПО. Во 1943 г. била назначена за секретар на Агитпроп при ГШ на НОВ и ПОМ. Учествувала на Првото заседание на АСНОМ (2. VIII 1944). По Ослободувањето извршувала високи раководни фунлции.

Веселинка Георгиева Малинска е родена на 4 јануари 1917 година во Куманово. Основно училиште завршила во родното место, а Трговско во Скопје. Потоа учела во Загреб и Белград.

Уште додека била ученичка во средното училиште во Скопје таа влегла во младинското револуционерно движење. Во 1933 година била примена за член на Сојузот на комунистичката младина на Југославија (СКОЈ), а во 1934 година била секретарка на средношкокскиот совет на СКОЈ во Скопје. Во 1936 година била примена во членството на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ). Како член на КПЈ и студент на Високата економско-комерцијална школа во Загреб, била истакнат активист во кумановското Студентско друштво во летото 1937 година и била избрана за член на МК на КПЈ во Куманово. Подоцна студирала во Белград во 1939 година и во текот на 1940/41 г. била секретар на Месниот одбор на Народната помош.

Априлската војна и окупацијата на Кралството Југославија во 1941 година, се случија за време додека таа била во Белград. Во првите месеци од окупацијата работела како курир на ЦК на КПЈ и ПК на КПЈ на Србија со Белградскиот НОПО и со партиските организации во Србија. Во септември 1941 година била со Јоахим Јаша Рајтер и Даворјанка Пауновииќ Зденка во придружбата на генералниот секретар на КПЈ и врховен командант на НОП одредите, Јосип Броз Тито, по повод неговиот премин на ослободената територија на западна Србија. Во април 1942 г. во отсуство била осудена на смрт.

Во мај 1942 г., по добиена партиска задача се вратила во Македонија и била поставена за секретар на МК на КПЈ во Скопје и уредник на неговото гласило „Весник“. Во октомври истата година заминала како борец во Вториот скопски партизански одред, каде останала до јануари 1943 г., а потоа се илегализирала кај јатаци на Скопска Црна Гора. Во мај 1943 г. заминала на планината Караорман за секретар на Агитпроп при ГШ на НОВ и ПОМ.

Во март 1943 година, Малинска била избрана за член на ЦК на КПМ. До ослободувањето таа била избран делегат на АВНОЈ, член на Главниот одбор на НОФ, одговорен уредник на списанието „Илинденски пат“ (од април 1944), делегат и втор секретар на работното Претседателство на Првото заседание на АСНОМ (2. VIII 1944), референт на Поверенството за информации (од 14. VIII 1944) и уредник на списанието „Македонка“ (од ноември 1944). Малинска од 15. XII 1944 г. била секретар на Главниот одбор на АФЖ за Македонија,

По Ослободувањето Малинска ја завршила Вишата политичка школа „Ѓуро Ѓаковиќ“ во Белград и извршувала високи раководни фунлции во Македонија. Прво бола член на Претседателството на ЦК на СКМ, а потоа била член на Бирото на Градскиот комитет за Скопје. Исто така била главен и одговорен уредник на весникот „Нова Македонија“, директор на Радио Скопје од 1952 до 1961 г., претседател на Здружението на новинарите на Македонија, потпретседател на Главниот одбор на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија (ССРНМ) член на Извршниот совет на Собранието на СРМ и била републички и сојузен пратеник. Исто така бил претседател на Универзитетскиот совет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и член на Претседателството на СРМ.

Веселинка Малинска починала на 12 ноември 1987 г. во Скопје.

Таа е носител е на Партизанска споменица 1941 и на други југословенски ордени меѓу кои се и Орден заслуги за народ и Орден братство и единство со сребрен венец.

Тихомир Каранфилов

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.