Среда, 14 Септември 2022    PDF Печати Е-пошта
Методи Кецкаров

1Metod

Методи Кецкаров (24 X.1904 – 26 VII.1981) е македонски и бугарски скулптор и уметник кој работел главно во Бугарија и Франција, но и во денешна Македонија, Египет и на други места. Меѓу јавните личности чии скулптори ги создал Кецкаров се Гоце Делчев (1932), Даме Груев (1932), Христо Матов (1933), Тодор Александров (1935), барелефот на св. Климент Охридски во истоимената гимназија во Охрид (1942) и др.

Методи Антонов Кецкаров е роден на 26 октомври 1904 година во Софија во охридското семејство Кецкарови. Неговиот татко Антон Кецкаров е деец на Македонската револуционерна организација, а брат му е генерал Владимир Кецкаров. Дипломирал на Уметничката индустриска школа (денес Уметничка академија), како и отсек дипломатија на Слободниот универзитет во Софија (сега УНСС).

Предавал ликовно во Софија, а за време на Втората светска војна, по бугарската окупација на Вардарска Македонија, Методи Кецкаров бил директор на Охридската гимназија од 1942 до 1945 година.

Во 1946 година Методи Кецкаров се вратил во Бугарија, а кон крајот на 1947 година заминал на специјализација во Франција, каде со прекини останал до крајот на животот. Живеел во Париз, во градот Изес и во одмаралиштето Валон Понт д'Арк. Во Франција се оженил со уметничката Маргерит Кескар.

Во најголем дел од своето творештво Методи Кецкаров се јавува како скулптор. Пред 1941 година учествувал на повеќе групни и самостојни изложби во Бугарија, како и на две во Египет, од кои едната самостојна. Најзастапени дела на М. Кецкаров од овој период се гипсените бисти. Меѓу личностите чии скулптори ги создал Кецкаров се Гоце Делчев (1932), Даме Груев (1932), Христо Матов (1933), Тодор Александров (1935), барелефот на св. Климент Охридски во истоимената гимназија во Охрид (1942) и др.

По Втората светска војна, во текстот „За изградвејнето на македонската култура“ објавен во Македонска мисла („Македонска мисъл“, кн. 5-6, год. 1, 1946, Софија) Методи Кецкаров меѓудругото ќе напише:

Да се пазиме от културно обезличвејне, зашто потем него идат отслабвејне на националното сознание и политичка смърт на народот.

Творци на македонската славјанска култура, вие носите голема историјска отговорност, от вас зависит да бидит или да не бидит Македонија!“

По 1947 година, познат под името Метод Кесакар работел најмногу во Франција, со исклучок на неколкумесечниот престој во Каиро, Египет, каде што доживеал голем успех. Во Франција, освен со скулптори, Методи Кецкаров стана познат и по своите керамички дела. Покрај тоа, тој е автор на слики, главно пејзажи.

Методи Кецкаров починал на 26 јули 1981 година во Париз, Франција.

1Tihomir Тихомир Каранфилов

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.