Среда, 16 Ноември 2022    PDF Печати Е-пошта
Георги Томалевски

1sew1

Георги Томалевски (16. Ⅸ 1897 – 28.IV 1988) е раскажувач, романсиер, публицист, есеист. Како млад емигрирал во Бугарија, каде што завршил гимназија и физика на Софискиот универзитет. Работел долго како просветен работник.  Во литературата влегол мошне млад и оставил богат прозен опус. Се посветил на македонската тема системно и континуирано. Мошне поволно прифатен од критиката и го сметаат за еден од најистакнатите бугарски мајстори на есејот во периодот меѓу двете светски војни во ХХ в.

Георги Томалевски е роден на 16 септември 1897 година во мијачко семејство во Крушево, тогаш во Отоманската империја. Неговиот татко Христо Димов Томалевски бил претприемач, по потекло од Галичник, а неговата мајка Коца Георгиева од Гари Тој е брат на Наум Томалевски, член на Задграничното претставништво на ВМРО и на Димитар Томалевски, исто така активист на ВМРО. За време на Илинденскпто востание во 1903 година, во домот на нивните родители во Крушево, била прогласена Крушевската Република. Денес таа е Музеј на Илинденското востание и Крушевската република.

По задушувањето на востанието целото семејство Томалевски емигрирало во Софија, Бугарија. Таму Георги учел во ОУ „Св. Свети Кирил и Методиј“, каде учител му е Евтим Спространов. По смртта на неговиот татко во ноември 1913 година, студирал на Техничкото училиште во Софија, каде што бил соученик со Христо Смирненски.

За време на Првата светска војна (1914 - 1918) бил службеник во Бугарската воена мисија во Берлин, а неколку години по завршувањето на војната, во 1925 година Георги дипломирал на Физичко-математичкиот факултет на Софискиот универзитет, насока физика и астрономија.

Претходно, во 1923 година, Георги Томалевски бил регрутиран од неговиот брат Наум во Македонската младинска тајна организација  (ММТРО). Станал член на Крушевското добротворно братство, на Македонскиот младински сојуз, на Македонското студентско друштво „Вардар“ и објавувал написи во списанието „Родина“ и во други периодични списанија поврзани со македонските организации.

За време на расцепувањето на ВМРО на михајловистичко и протогеровистичко крило, тој ги поддржувал протогеровистите, меѓу кои бил и неговиот брат Наум.

Во литературата влегува мошне млад и остава богат прозен опус. Се посветил на македонската тема системно и континуирано. Мошне поволно прифатен од критиката, се стекнал со престижен статус во бугарската литература на ХХ век. Го сметаат за еден од најистакнатите бугарски мајстори на есејот во периодот меѓу двете светски војни во ХХ в.

Автор е на повеќе дела меѓу кои:  Душата на Македонија, есеј, (1927); Огнена земја, раскази за Македонија, (1928); Самуиловото наследство, историска повест, (1929); Крушовската република, херојски уметнички летопис, (1954); Мајсторот Стојан Везенков, повест, (1964); Воденските мајстори, новели, (1965) и др.

За студијата-есеј „Душата на Македонија“ (1927, 1941) и збирката есеи „Секојдневни чуда“ (1941), Георги Томалевски добил награда „За најдобро книжевно дело во 1941 година“.

„Животот во ропство, немањето можност преку колективно, слободно разгледување на познатите проблеми го научија Македонецот да си го тргне својот пат и во најтешките часови од животот да се потпира на сопствената сила. Ова е убавината на Македонците, ова е и нивниот пад!“  - се вели во извадок од книгата есеи објавена во 1927 година во Софија. Тој поната му ќе напише: „Македонецот, гранка на словенското дрво, немајќи време и услови на друг начин да го изрази своето богато духовно искуство, ја нашол легендата, бајката, ги нашол дури и неискажаните зборови, начинот, воздишката како израз на самиот себе, како креативност во неговото секојдневие. Овој манир, овој сјај и напнатост на зеницата на окото е музиката на македонската душа, ова е плашливото движење на неговата рака на нејзините затегнати жици.“

Георги Томалевски се пензионирал во 1958 година како наставник по физика. Починал нa 28 април 1988 година во Софија.

1Tihomir Подготвил: Т. Каранфилов

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.