|
||||
Круме Кепески |
Македонскиот јазик - основен предуслов за национална идентификација,,При пишуењето на оваа граматика имав желба да им дадам на учениците учебник што ќе ги воведе во нашиот литературен јазик и ќе им спомогне да ги разберат неговите основни црти. Предавајќи и сам во гимназиите и знаејќи што може да се премине, се трудев да го изнесам граматичкиот материал во што постегнат обем.Дека писменоста и во другите јазици е област каде што најмногу се греши, а ученикот е често пати тука оставен сам на себе си и на својата досетливост, гледав да дадам попланско и посистемно упатуење во истата област. Предлаганата граматика треба да ја задоволи големата нужда од учебник за македонски јазик во нашите гимназии. Материалот го подбрав во духбт на програмата од Министерството на народната просвета и се трудев да го изнесам во достапна форма. “ – е запишано во Предговорот на граматиката од афторот Круме Кепески. Круме Кепески остави значаен и непобитен придонес за македонскиот народ. Описменувањето, писменоста и јазикот, се народот и нацијата. Неговата мисија е исполнета и Кепески како аманет ја остави граматиката на макеонскиот литературен јазик на сите наредни поколенија Макеонци. Најважната улога на правта граматиката објавена во 1946 година е што ја разви свеста на Македонецот за сопствениот литературен јазик, а со тоа и за сопствената националност. БиографијаКруме Кепески (Прилеп, 8 април 1909 - 3 ноември 1988), македонски педагог, лингвист, преведувач, собирач на македонски народни умотворби, граматичар, автор на првата Македонска граматика, објавена во 1946 година, коавтор (со Шаип Јусуф) на првата Ромска граматика, објавена во 1980 година, на збирката анегдоти, хуморески и легенди „Островот бил парче земја фрлен во вода“, објавена во 1993 година и на други дела.Кепески и припаѓа на историски еминанетната генерација македонски интелектуалци и творци, којашто созреваше во годините непосредно пред Втората светска војна и којашто се вклучи многу активно во столетните стремежи на своите претходници, но и на своите современици. Најважната улога на Граматиката на Круме Кепески е што ја развила свеста на Македонецот за сопствениот литературен јазик, а со тоа и за сопствената националност. Можеби затоа е поставеноста на јазикот на прво место при националната идентификација заедно со чувството за припадност кон македонското. Таков израз на идентитетот побудила оваа прва граматика на македонскиот јазик. Од зборовите на Круме Кепески: ,, На Граматиката работев засилено и со љубов. Тешко е да се објаснат и љубовта и радоста, предизвикани од тој интимен контакт со нешто што логички стана историја. Јазикот не е предмет, туку духовност. “ Неговите современици сведочат“Со оглед на времето во кое се појавила Граматиката на Кепески во целост одговорила и на задачата која и била поставена и на пораката која ја носела со себе"-вели неговата современичка Снежана Веновска -Антевска од Институтот за македонски јазик "Крсте Мисирков"."Таа, помалку или повеќе носела информации од сите области на литературниот јазик. Најважната улога на Граматиката на Круме Кепески е што ја развила свеста на Македонецот за сопствениот литературен јазик, а со тоа и за сопствената националност. Можеби затоа е поставеноста на јазикот на прво место при националната идентификација заедно со чувството за припадност кон македонското. Таков израз на идентитетот побудила оваа прва граматика на македонскиот јазик. Денес, по сите овие настани не сум сигурна дека имаме право со критичка строгост да ги бараме недостатоците, превидите низ тие 80 страници од првата Македонска граматика, да зборуваме дека описите можеле да бидат поинакви или пак решенијата од 1945 година подобри."- Веновска-Антевска. Проф. Стојка Бојкова- "Кепески и припаѓа на историски еминанетната генерација македонски интелектуалци и творци, којашто созреваше во годините непосредно пред Втората светска војна и којашто се вклучи многу активно во столетните стремежи на своите претходници, но и на своите современици. "Јазикот не е предмет, туку духовност"-велеше проф. Кепески, на Граматиката работев засилено и со љубов. Тешко е да се објаснат и љубовта и радоста, предизвикани од тој интимен контакт со нешто што логички стана историја". Орден за заслуги за МакедонијаПретседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов постхумно му додели Орден за заслуги за Македонија на професорот Круме Кепески, авторот на првата македонска граматика.Орденот му се доделува за високите дострели што тој ги постигна во неговата долгогодишна образовнa дејност со што даде придонес во промовирањето и афирмирањето на македонскиот литературен јазик.Со доделувањето на Орденот за заслуги за Македонија, рече претседателот Иванов, му оддаваме признание на неговото значајно дело и потврдуваме дека нашата земја знае да ги памети и слави своите истакнати дејци. - Сите сме свесни дека јазикот е нашиот национален и културен бедем пред сите негатори на нашиот идентитет и самобитност. Оттука за неговото зачувување треба постојано да се работи како што тоа неуморно сиот свој живот го правеше професорот Кепески. Тоа не е само образовна и општествена одговорност, тоа е исто така задача на секој од нас поединечно да се потрудиме да го исполниме заветот на професорот Кепески и да го негуваме нашиот македонски јазик во нашите домови, на работните места, на јавните и социјални настани, - беа зборовите на Претседателот на РМакедонија Ѓоѓе Иванов. |