|
||||
Никола Попфилипов |
Никола Попфилипов (1932 - 1896) е црковен и просветен деец од Македонија. Составувал учебници, преведувал книги од црковнославјански и грчки на славјански јазик и ги дистрибуирал. Пишувал во весникот „Македонија“. Тој го изразил своето несогласување со воведувањето на некои пишани знаци во правописот (ъ; ь), што Бугарите го сметаат како најраниот забележан случај на македонскиот јазичен сепаратизам. Никола Попфилипов - Македонецот е роден во 1832 година во Банско, тогаш во рамките на Отоманската империја. Тој е роднина на Неофит Рилски и првото образование го стекнал во ќелијното училиште во Рилскиот манастир. Потоа учел во грчко училиште во Мелник и во Копривштица кај Најден Геров. Во средината на 19 век, Попфилипов по завршувањето на образованието работел како учител во многу населени места во Македонија и Бугарија. Тоа е време на преродбата, кога македонскиот и бугарскиот народ водат заедничка борба против Цариградската патријаршија и бараат создавање на славјански црковноучилишни општини. Тоа е период кога македонскиот народ бара да се возобнови Охридската архиепископија и кога Грците едноставно: „ не разликуваа славјански народности, сите славјани го велеа со презреното име „бугари". Попфилипов одржувал односи со Стефан Веркович и други познати дејци од тој период. Истовремено водел и информативни разговори за познати светски теми во Банско, Разлог и Неврокоп. Составувал учебници, преведувал книги од црковнославјански и грчки на славјански јазик и ги дистрибуирал. Пишувал во весникот „Македонија“. Во сите училишта каде што предавал Попфилипов вовел метод на взаемно учење. Тој се борел против суеверија и верски заблуди и отворал курсеви за описменување на возрасни, но и составувал учебници кои според денешната бугарска наука биле на т.н. новобугарски јазик. Меѓутоа, учителот од Пиринска Македонија Никола Попфилипов самиот вели дека „бугарскиот“ (славјанскиот) јазик е „општ балкански јазик“. (Извор: весник „Maкедонiя", Цариград, 6. Април, 1868 г.).). Во писмото од Калофер до Најден Геров од 6 декември 1848 година, во контекст на заедничката борба на македонскиоти бугарскиот народ, тој го изразува своето несогласување со воведувањето на некои пишани знаци во правописот (ъ; ь), истакнувајќи дека за Бугарите т.н. „ западна Бугарија никогаш нема да се согласи со тоа, кои се употребливи само во некои од нашите краеви.“ Ова писмо Бугарите го сметаат како најраниот забележан случај на македонскиот јазичен сепаратизам. По Руско-турската војна, Попфилипов зел монашки завети и се преселил во Софија, каде што се населил. Починал во Софија во 1896 година. Автор е на бројни дела на црковни и морални теми. Во текот на својот живот ги издал следните две книги. „Житието и страданието на св. великомаченица Екатерина. Преведено од славјански од св. Н. П, Филипов, поранешен учител Македонец“ Софија 1887 година и „Полезни сказни. Извлечение одь пролога и одь житията святиитъ, преведени од славјански на български одь свещеника Никола. П. Филипов, Македонецъ“ Софија, 1888 година. (извор: https://www.strumski.com/books/Anton_PopStoilov_za_Nikola_PopFilipov.pdf) Подготвил:Т.К.
|