Среда, 12 Јули 2023    PDF Печати Е-пошта
Крсто Белев

                                 legr

Крсто Белев ( 5 III 1908 – 25 I 1978) e бугарски писател oд македонско потекло. Автор на многубројни раскази, статии, патописи, романи, како и филмски сценарија. Добар дел од неговиот богат опус е посветен на македонски теми. Тој е автор на мошне популарниот роман „Планино, Пирин-планино“ (1934) во кој се коментира смртта на Гоце Делчев.

Крсто Димитров Белев е роден на 5 март 1908 година во серското село Горно Броди. Неговиот татко Димитар Белев бил деец на ВМРО. По балканските војни со семејството се преселил во Бугарија. Белев учел во Ксанти, Хасково и Пловдив.

Белев работел како тутунар, чевлар и бил работник во фабрика за тули. Тој почнал да пишува во 1923 година, а како младинец учествувал во дејноста на БКП. Поради учество во комунистичкото движење во Бугарија бил прогонуван, повеќепати осудуван и долго лежел в затвор. Имено, поради незаконско дејствување во 1926 година бил осуден на смрт, а казната му била преиначена на 15 години затвор бидејќи бил малолетен.

Во 1932 година Белев бил амнестиран. По излегувањето од затвор тој продолжил да се занимава со илегална комунистичка активност, поради што постојано бил апсен. Во 1932 година објавил две негови книги, за што е осуден на 12 години затвор, и бил принуден да емигрира. Прво заминал во Холандија, а потоа во Франција. Бил емигрант во Франција и во Романија, а подолго време престојувал и во СССР.

Во 1932 година во Амстердам учествувал на Првиот светски антивоен конгрес, а во 1937 година - на Вториот меѓународен конгрес за заштита на мирот и културата во Шпанија и Франција.

Во 1933-1934 година, во Виена и Париз, Белев извршувал задачи за советското воено разузнавање. По завршувањето на една од задачите, тој заминал за Романија, каде бил уапсен поради партиска работа и протеран во Бугарија, каде што одлежал казна затвор во 1934-1936 година за претходна пресуда. Ослободен бил поради болест и апели од странски писатели.

Во периодот од 1936 до 1939 година Белев бил таен соработник на советските воени аташеа во Бугарија В.Т. Сухоруков и А.И.Бенедиктов. Постојано патувал во странство и создал канали за комуникација со Австрија, Турција и Романија, Ја посетил и Москва. Кон крајот на 1939 година, по налог на советското воено аташе во Бугарија, И.Ф. Дергачев организирал и раководел до 1941 година со разузнувачка група „Август“.

За време на Втората светска војна учествувал во комунистичкиот отпор. Како комунист бил  интерниран во логорите во Гонда Вода и Крсто Поле. (февруари 1941 - февруари 1942 година), бил ослободен и еден месец подоцна повторно се вклучил во борбата. Во септември 1942 година повторно бил уапсен за разузнавачки активности, а во февруари 1943 година бил осуден „за шпионирање за странска држава“. По септемвриското востание во 1944 година Белев живеел во Софија.

Автор е на многубројни раскази, статии, патописи, романи, како и филмски сценарија. Добар дел од неговиот богат опус е посветен на македонски теми. Aвтор на мошне популарниот и често издаван роман „Планино, Пирин-планино“ (1934) во кој се коментира смртта на Гоце Делчев.

Крсто Белев починал на 25 јануари 1978 година во Софија.

1Tihomir подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.