Среда, 19 Јули 2023    PDF Печати Е-пошта
Евдокија Фотева - Вера

1evd2

Евдокија Фотева (2. Ⅷ 1926 – 10. III 2011) е македонска револуцуинерка, припадник на македонското и на грчкото комунистичко движење. Во Втората светска војна (1941–1945) активно учествувала во антифашистичкиот отпор.  Деец на СНОФ, секретар на женската организација во Костурскиот регион, секретар на НОФ во околијата Сорович – Кајлари, секретар на АФЖ за Леринскиот округ. По ноември 1946 година таа е секретар на АФЖ за Егејскиот дел на Македонија и учествувака во Граѓанската војна во Грција (1946 –1949). По поразот на грчките републикански сили (ДАГ) била обвинета од КПГ дека била „агент на меѓународната реакција“ и била сприведена во советските затвори и логори (Лубјанка, Лефортово и Буртика). По ослободувањето од логорот, во 1956 година се вратила во НРМ.

Евдокија Фотева или Евдокија Балева Николова е родена на 2 август 1926 година во костурското село Д’мбени, Егејскиот дел на Македонија, во револуционерно семејство, Нејзинуиот татко Никола Балев заминал на печалба во Канада пред таа да наполни три години, а Евдокија живела со нејзината мајка Невена. Во Д’мбени завршила основно училиште, а по положувањето на прогимназиски курс се запишала во прва година гимназија во Костур.  

За време на Втората светска војна (1941–1945), Евдокија Фотева активно учествувала во антифашистичкиот отпор.  Во 1941 година станала член на Грчката комунистичка партија (КПГ), а од април 1944 година била партизанка на Славјаномакедонскиот народноослободителен фронт (СНОФ). Набрзо била назначена за заменик комесар на чета во Првата егејска ударна бригада. Потоа била секретар на женската организација во Костурскиот регион, секретар на НОФ во околијата Сорович – Кајлари, секретар на АФЖ за Леринскиот округ.

По ноември 1946 година била секретар на АФЖ за Егејскиот дел на Македонија, а во октомври 1947 година, како преставник на АФЖ, била избрана за потпретседател на Сегрчкиот демократски сојуз на жените.

По поразот на ДАГ, Евдокија Фотева била обвинета од КПГ дека била „агент на меѓународната реакција“ и спроведена во советските затвори и логори (Лубјанка, Лефортово и Буртика).

Во 1952 година била осудена на 8 години во логорите за принудна работа во Сибир. Во 1955  година била ослободена, но наместо за Македонија била испратена за Алма Ата, Казахстан.

По ослободувањето од логорот, во 1956  година се вратила во НР Македонија.  Со цел да се зачуваат македонските песни од костурскиот крај, заедно со други жени од Костурско таа ичествувала во формирање на пејачко-фолклорната група „Костурчанки“.

Евдокија Фотева починала на 10 март 2011 во Скопје.

Подготвил Т.К.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.