Среда, 09 Август 2023    PDF Печати Е-пошта
Петар Ацев

1li1

Петар Ацев (7. VI 1877 – 20. IV 1939)  е македонски револуционер, прилепски околиски војвода. Во 1903 година учествувал на Смилевскиот конгрес и бил избран за резервен член на Востанички штаб, а во Илинденското востание предводел чета. По Востанието учествувал во борбите кај с. Рајчани, Кочанско во 1905 година, во битката на Ножот во 1907 година, на други места, како и во Балканските (1912 - 1913) и во Првата светска војна (1914 - 1918).

Петар Ацев е роден на 7 јуни 1877 година во селото Ореовец, Прилепско. Тој завршил 6-ти клас во Првата машка гимназија во Софија. Во 1895 година, заедно со браќата Мирче и Георги се вклучил во револуционерните активности на Македонската револуционерна организација. По препорака на Ѓорче Петров се вратил во Македонија и од 1897 до 1901 година бил учител во село Плетвар, Прилеп, Крушево и други населени места во Македонија, каде ја развивал револуционерната организација.

Во почетокот на 1902 година, за време на Битолската афера поврзана со пренесување на нелегално оружје, станал илегален. Прво застанал на чело на Крушевската чета, а од мај бил околиски војвода во Прилепско. Тогаш негов четник бил и Крсто Гермов (Шаќир војвода).

На почетокот на 1903 година, Петар Ацев бил претставник на Прилепскиот револуционерен округ на Смилевскиот конгрес: Тој бил еден од главните противници за кревање на востанието, а како главна причина го навел лошото вооружување во неговиот крај. На Конгресот, Петар Ацев, заедно со Георги Попхристов и Лазар Поптрајков, бил избран за резервен член на Востаничкиот штаб, составен од Даме Груев, Анастас Лозанчев и Борис Сарафов. За време на Илинденското востание предводел чета

По завршувањето на Илинденското востание, Петар Ацев не ја напуштил Македонија и учествувал во многу борби со Турската власт, како и со четите на српската и грчка пропаганда.

На 28 јуни 1904 година, четите на војводите Петар Ацев и Никола Каранџулов воделе битка со турската војска во областа Ќулето кај селото Селце, во која загинал Никола Каранџулов.

Во 1905 година неговата чета заедно со четата на Никола Карев се враќале од Бугарија во Македонија, но во судирот со турскиот аскер во близина на селото Рајчани, Кочанско, загинал Никола Карев и 17 четници од двете чети, а Петар Ацев бил ранет. По опоравувањето, следната година тој повторно бил во Прилепско, каде водел борби со србоманските чети, против грчките андарти и против турскиот аскер. Во 1906 година бил член на Битолскиот ОРК на ВМОРО.

Во јули 1907 година, Петар Ацев учествувал во битката кај Ножот заедно со војводите Тане Николов, Иван Наумов, Михаил Чаков, Христо Цветков и Мирчо Најденов. На Ќустендилскиот конгрес во 1908 година, Петар Ацев бил избран за дополнителен член на ЦК ж заедно со Петко Пенчев, Павел Христов, Ефрем Чучков, Аргир Манасиев и Стамат Икономов.

По Младотурската револуција се прибрал во Прилеп. Бил училиштен инспектор во Крушево (1908–1909). Во 1910 година бил уапсен и 15 месеци бил по разни затвори низ Македонија и Мала Азија. Бил ослободен во средината на 1911 година, по што се населил во Пловдив.

Петар Ацев учествувал како доброволец во Балканската војна, потоа во Првата светска војна. По завршувањето на војната, Петар Ацев учествувал во Привременото претставништво на поранешната ВМОРО, а подоцна е член на Илинденската организација.

Во септември 1924 година, за време на Горноџумајските случувања, по несуспешниот атентат Петар Ацев бил полесно ранет.

Петар Ацев починал на 20 април 1939 година во Пловдив. 

1Tihomir Подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.