Среда, 13 Септември 2023    PDF Печати Е-пошта
Васил Бојаџиев

1glg1

Васил Бојаџиев (14. XII 1876 – 1950) е македонски црковно-музички деец, црковен певец и учител по црковно пеење. Се школувал во Скопје и во Хилендарскиот манастир, каде што завршил двегодишен курс по источно пеење. Тој е меѓу истакнатите псалти кој оставиле длабоки траги во македонското црковно пеење и творец на еден од највредните црковно-музички дела во македонската музичка историја и пошироко.

Васил Иванов Бојаџиев е роден на 14 декември 1876 година во Кратово. Основно училиште завршил во родниот град, а потоа своето образование го продолжил во Скопје на егзархиското педагошко училиште. Откако се стекнал со основни знаења од црковното пеење, како псалт работел во Тетово, Штип и Струмица.

Своето знаење од црковно пеење Васил И. Бојаџиев го усовршува во манастирот Хиландар на Света Гора, каде престојувал две години. Потоа работел како учител по црковно пеење во богословско училиште, во вториот по големина православен манастир во Бугарија, во Бачковскиот манастир близу до Пловдив.

По Првата светска војна, околу 1922 година, Бојаџиев се преселил во Стара Загора, каде по извесно време бил пензиониран. Период меѓу двете светски војни, тој го искористил да работа на Псалтикискиот воскресник, во кој го вградува целото свое знаење и искуство на учител по црковно пеење.

Откако не успеал да ја отпечати својата книга во Бугарија,. Васил И. Бојациев се вратил во својата татковина. Во 1941 година дошол во Велес, кадешто живеел и работел како диригент на црковен хор и псалт. Meѓутоа, поради отпор од просрпското свештенство, кое го практицирало т.н. српско народно црковно пеење, ниту во Велес не успеал да придобие приврзаници за црковното пеење од славјанско-византиската традиција и да ја издаде својата книга.

Согледувајќи дека во Велес нема да може да ја реализира својата желба, по две години поминати во Велес, заминл за Скопје, надевајќи се дека можеби таму ќе успее да ја испечати својата книга. Но, пред крајот на војната и по ослободувањето на Скопје, во новиот општествен поредок никој немаше интерес за остарениот псалт и за неговиот Псалтикиски воскресник.

Васил И. Бојаџиев ќе почине во Скопје, во 1950 година.

Во 1978 година, по речиси три децении од неговата смрт, Псалтикискиот воскресник ќе ја види светлоста на денот. Со откривањето на овој ракопис се потврди високото ниво на црковното пеење на територијата на Македонија и на неговите бројни претставници. Ракописниот зборник на Васил И. Бојаџиев содржи низа драгоцени црковни творби од македонски автори, непознати до неговото откривање. Речиси, сите овие славјански автори потекнуваат од Македонија: Јован Кукузел, Димитар Златанов - Градоборски, Калистрат Зографски, Христо П. Стојанов, Манасиј поп Тодоров, Стамули Заркиновски, Атанас Бадев, Христо Шалдев и Петар Динев. Од ‚византиските‛ творци застапен е само Петар Пелопонески.

Извор: МЕ, Скопје, 2009 г., стр. 186; „Опширен Псалтикиски Воскресник- Васил Иванов

Бојаџиев“  воведен текст, редакција и нотографија д-р Јане Коџабашија, Скопје, 2011г.;

1Tihomir Подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.