Среда, 27 Септември 2023    PDF Печати Е-пошта
Стерјо Боздов

1aci4

Стерјо И. Боздов (7. I 1902 – 13. IV 1987) е македонски лекар, револуционер, член на АСНОМ, редовен професор и прв декан на Медицинскиот факултет во Скопје. Студирал медицина во Виена и во Белград, каде што и дипломирал во 1933 година. Во периодот меѓу двете светски војни поради прогресивните  идеи бил прогонуван, затворан и осуден на робија. Во 1944 година бил член на АСНОМ и повереник за здравство на Македонија, а. од 1947 до 1950 година бил прв декан на новоформираниот Медицинскиот факултет во Скопје

Стерјо Иван Боздов – Ѓуша е роден на 7 јануари 1902 година во Крушево, во сиромашно трговско семејство. Основно образование завршил во родното место, додека со гимназиско образование се стекнал во Битола. Во 1922 година се запишал на Медицинскиот факултет во Виена, Австрија. Но поради немање материјални средства, во 1924 година Боздов ги продолжил своите студии по медицина на Универзитетот во Белград.

По доаѓањето во Белград, поради прогресивните идеи и активното учество во револуционерните движења бил прогонуван, затворан и осуден на робија. Боздов бил активен во рамките на Младешката македонска тајна организација (ММТРО). Во 1927 година, поради нелагална дејност, бил уапсен од српските власти и на Скопскиот студентски процес осуден на 5 години затвор. На крајот на 1930 година излегол од затвор, се повлекол од политичкиот живот и се посветил на студиите.

Во 1933 година Боздов ги завршил студиите и како доктор по медицина се вратил во Крушево каде ја започнал лекарската практика. Тој повторно се вклучил во политичкиот живот во земјата. Боздов активно ја помагал здружената опозиција поради што бил затворен два месеци во Управата на град Белград. Поради неговите активности тој постојано бил следен и во 1938 г. повторно бил интерниран, овојпат во концентрациониот логор во Билеќе (Босна) и, по две години, бил преместен во Ивањица кадешто останал до окупацијата на земјата во 1941 г.

Во текот на окупација на Македонија, Боздов согледувајќи дека Бугарите се окупатори, а не ослободители на Македонија, се приружил кон НОБ. Тој бил избран за член на илегалниот Народноослободителен одбор во Крушево и како лекар ги помагал партизанските единици. На 2.8.1944 г. бил избран за член на АСНОМ, а на Второто заседание на АСНОМ, на 30.12.1944 г., бил избран за член на Президиумот на АСНОМ, и веднаш потоа, на 1.1.1945 г., за повереник за народно здравје. Боздов бил член на Президиумот и на Третото заседание на АСНОМ и вршел низа одговорни функции во тогашното Министерство за народно здравје на НР. Македонија.

Во септември 1946 г., д-р Боздов бил именуван за претседател на Комисијата за организација на МФСкопје, а подоцна, во март 1947 г. бил избран за професор и прв декан на Медицинскиот факултет. На таа позиција останал се до 1950 година. Во меѓувреме бил редовен професор и шеф на Катедрата по хигиена. Од 1950 до 1952 година бил проректор на Универзитетот во Скопје и претседател на МЛД (1951–1952).

Во април 1952 година, тогашните власти ненадејно го острануваат Боздов од позициите кои ги завземал. Тој бил преместен на местото управник и лекар од општа практика во Домот за народно здравје во Куманово, каде останал се  до пензионирањето во 1978 година.

Стерјо Боздов починал на 13 април 1987 година во Крушево. Добитник на повеќе републички и сојузни признанија: Орден на братство и единство од Прв ред, Орден заслуги за народ и Орден на Републиката со златен венец.

1Tihomir Подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.