Среда, 25 Октомври 2023    PDF Печати Е-пошта
Емануил Карамфилович

1asa5

Емануил Карамфилович (1855 - 1895) е македонски револуционер и јавна личност. При избувнувањето на Македонското (Кресненско) востание на 5 октомври 1878 година, се приклучил во редовите на востаниците. Во 1881 година бил избран за потпретседател на Бугарско-македонското добротворно друштво, чија цел била да им помогне на дел од сиромашните Македонци да се школуваат.

Емануил (Мане) Карамфилович е роден во 1855 година во Велес, во маалата Прцорек, во семејството на велешкиот првенец Петар Карамфилович и Ана од Солун. Неговиот брат Димитар Карамфилович бил истакнат преродбеник.

Емануел дипломирал на Шумарското училиште во Букурешт, Романија и веројатно бил единствениот Македонец што дипломирал пред 1878 година. Се вратил во Велес, но по 1878 година, бегајќи од зулумите во татковината, заминал во новоформираното Кнежество Бугарија, каде што работел во канцаларијата на губернаторот.

При избувнувањето на Македонското (Кресненско) востание во октомври 1878 година, Емануил Карамфилович поднел оставка и се приклучил во редовите на македонските востаници.

По востанието, Емануил (Мане) Карамфилович, кој има соодветно образование, раководел со огранокот на новосоздадената Шумска служба во Варна. Тој бил прв провинциски шумар во Кнежевството, кој на 1 март 1880 година, бил назначен  од бугарскиот кнез Александар I.

Мане работел во Бугарија во тешко време на нерешено законодавство и отворен бандитизам, како и во време кога неговиот македонски народ во татковината патти под османлиска власт. Поради тоа се вклучува во политиката и станува член на македонско добротворно друштво.

Во локалната политика, Мане бил активист на Либералната партија, а на 19 јули 1881 година бил избран за потпретседател на Бугарско-македонското добротворно друштво (подоцна Македонско добротворно друштво), кое го помагало македонското население останато под османлиска власт. Целта на ова добротворно друштво било да им помогне на дел од сиромашните Македонци, да се поддржат во Педагошките училишта, а на други да им помагаат за училишните потреби итн.

Мане Карамфилович се оженил со гркинката Еленора Кувелас со која има два сина Панајот и Петар Карамфиловиќ и кои се занимавале со револуционерна дејност.

Емануил (Мане) Карамфилович загинал во несреќен случај во Варна во 1895 година, на 40-годишна возраст. Тој бил фрлен од коњ.

1Tihomir подгитвил: Т.К.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.