Недела, 31 Јануари 2021    PDF Печати Е-пошта
Павел Шатев

143satev

(Роден е во Кратово, 15 јуни 1882 г. - починал во Битола, 30 јануари 1951 г.)

Основното училиште го завршува во родниот град, а потоа се запишува во прогимназијата во Скопје. Натаму, во 1896 година своето образование го продолжува во Солунската бугарска машка гимназија, каде во 1900 година успешно матурира.

Истовремено се приклучува на Гемиџиите. Тие во април 1903 година ја изведуваат својата грандиозна акција во Солун, копнеејќи за еден друг свет, свет без господари и робови, во кој сите ќе живеат слободни и рамноправни. Да слушне цела Европа, тоа е голема работа, да дознае стариот континент дека Македонија е сѐ уште поробена, но и тоа дека има луѓе кои крваво ќе се жртвуваат за својот народ, зашто и тој има право да живее - со оваа парола Гемиџиите го затресуваат Солун.        
Шатев е задолжен да го потопи со динамит францускиот брод „Гвадалкивир“. Оваа акција е успешно извршена, при што бродот бил запален, а и сите патници се спасени.

Од Гемиџиите преживува само Шатев. Уапсен е и на судскиот процес на 6 јуни е осуден на смртна казна. Исчекувајќи го три години извршувањето на смртната казна во солунскиот затвор Еди Куле, на 23 април 1906 година, неочекувано, смртната казна му е заменета со доживотен затвор во Фезан, во Сахара.

Во 1908 година, по Младотурската револуција, добива амнестија и повторно доаѓа во Солун. По кусиот престој во Македонија, заминува во Брисел, каде студира на Правниот факултет.

Во текот на Првата светска војна е мобилизиран во бугарската војска, а по војната активно се вклучува во политичкиот живот на македонската емиграција во Бугарија.

Во декември 1921 година, на Основачкиот конгрес на Македонската емигрантска федеративна организација е избран за нејзин претседател. Воспоставува соработка со претставниците на Коминтерната и СССР во Софија и од 1923 година е професионален разузнавач за СССР. Игра важна улога во потпишувањето на Мајскиот манифест, а од 1925 година активно учествува во дејствувањето на ВМРО (Oбединета).

Во 1931 година се враќа во Бугарија.

Во ноември 1941 година е упасен од бугарската полиција, а во јуни 1942 година на големиот судски процес против комунистите е осуден на 15 години затвор.

Избран е за делегат на Првото заседание на АСНОМ и по капитулацијата на Бугарија во септември 1944 година, се враќа во Македонија и се вклучува во политичкиот живот на македонската држава. Прво е избран за потпреседател на Президиумот на АСНОМ, а во април 1945 година потоа станува прв министер за правосудство во првата Влада на слободна Македонија.

Шатев се спротивува на насилното србизирање на Македонија од страна на комунистите.

По судирот со СССР околу Резолуцијата на Инфорбирото, во јуни 1949 година Шатев е уапсен „како потенцијален непријател на државата“. Во истражниот затвор во Скопје е задржан 11 месеци, а потоа е испратен во Битола, во домашен притвор. Лишен е од контакти со надворешни лица и држан во неможни услови.

Она што не им успеа на Султан Хамид и на цар Борис III, му појде од рака на Ј.Б.Тито и Л.Колишевски.

Истоштен од животот, а најмногу од доживеаниот очај, за кусо време се разболува и бидејќи не му било дозволено да се лекува, Шатев во 1951 година починува беспомошно.

Властите не дозволуваат да биде погребан во родното Кратово. Закопан е на битолските гробишта, без дозвола на погребот да присуствуваат неговите најблиски.

pavel-satev-grob

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.