|
||||
Никола Рачев - Војводата |
Никола Рачев (14. VI 1903 – ?) е истакнат деец на македонското национално револуционерно движење, еден од првите партизани во Пиринскиот дел на Македонија. Учествувал во Септемвриското востание во 1923 година, а во периодот од 1928 до 1934 година бил организатор на нелегална печатница и на организации и групи на ВМРО(Об) во Разлошко. Во текот на Втората светска војна, од 1942 до 1944 година бил секретар на Околискиот комитет на БКП за Разлошко, а од II до XI 1944 година и секретар на Окружниот комитет на БКП за Пиринскиот крај. Потоа бил пратеник во Народното собрание на НРБ. Никола Рачев е роден на 14 јуни 1903 година во Разлошкото село Бања. Во 1921 година станал член на Бугарскиот комунистички младински сојуз. Помеѓу 1921 и 1926 година бил ученик во реалната гимназија во Разлог, а во меѓувреме учествувал во Септемвриското востание во 1923 година. По дебаклот на востанието, тој се обидел да ги обнови комунистичките организации во Мехомија (Разлог), Банско, Белица, Јакоруда и Бања. Во текот на учебната 1926/1927 година, Рачев бил учител во Брежани, а во учебната 1928/1929 година учителствувал во Бања. Меѓутоа, поради комунистички активности бил отпуштен, па одреден период се занимавал со земјоделство и во периодот од 1930 до 1941 година, работел како службеник во државната даночна канцеларија во Јакоруда, Бабјак, Белица, Карлово, Банско и во Самоков. Во меѓувреме, во периодот 1928 - 1934 година Никола Рачев организирал групи на ВМРО (обединета) во Разлошкиот округ. Служи како врска на локалната организација со централното раководство на ВМРО (обединета). Тој бил прогонуван од ВМРО, па побегнал во Софија, каде организирал илегална печатница. Во 1932 година станал член на БКП, а од 1937 година бил член на Реонскиот комитет на БКП во Јакоруда. За време на Втората светска војна, Рачев учествувал во Движењето на отпорот. Заедно со Никола Парапунов, Константин Кантарџиев, Крум Радонов, ја создадоа во јули 1941 година Разлошка чета. Учествувал во набавка на оружје од пробиената линија Метаксас. Од август 1941 година бил член на Окружниот комитет на БКП во Разлог, а од март 1942 година негов секретар. Помеѓу февруари и ноември 1944 година, тој бил секретар на Окружниот комитет на БКП во Горна Џумаја. Од февруари 1944 година бил политички комесар на Четвртата Горноџумајска востаничка оперативна зона. По превратот на 9 септември 1944 година, Никола Рачев бил политички комесар на гардиските единици и секретар на Обласниот комитет на БКП во Горна Џумаја. Областен началник на МВР - Горна Џумаја (февруари 1945 – 1951) и потоа заменик началник на IV одделение (Транспортна служба) на Државната безбедност на Народната милиција во Софија (1951 – февруари 1952). Во периодот 1952-1958 година бил началник на Централната управа „Противпожарна заштита“ при МВР. Потоа заземал и други високи функцци, а во еден мандат бил пратеник во Народното собрание на НРБ. Подготвил: Т.К. |