Среда, 13 Декември 2023    PDF Печати Е-пошта
Трајче Грујоски

1ata190

Трајче Грујоски - Павле (19. Ⅷ 1921 – 17. VII 2016) е македонски партизан, еден од организаторите на НОБ во Битолско, политичар, судија и униферзитетски професор. Бил борец на партизанскиот одред „Јане Сандански“ (1942), инструктор на партизанскиот одред „Вичо“ (1943), член на Вториот областен комитет на КПМ (1943) и заменик-политички комесар на Втората оперативна зона на НОВ и ПОМ. По ослобувањето заземал низа важни општествени функции и бил универзитетски професор.

Трајче Грујоски е роден на 19 август 1921 година во леринското село Раково, Егејскиот дел на  Македонија. Но, набрзо потоа семејство се преселило во Битола. Таму Трајче завршил основно и средно образование. Во 1938 година станал член на Сојузот на комунистичката младина на Југославија (СКОЈ) и бил раководител на средношколските организации во Битола. Од 1940 година бил член на КПЈ, а од 1941 година е член на Месниот комитет на СКОЈ за Битола.

Тој е еден од организаторите и првоборците на  Народноослободотелната и антифашистичка војна на Македонија. Во 1942 година се вклучил во Битолскиот народноослободителен партизански одред „Јане Сандански“, а потоа бил инструктор Леринскиот партизански одред „Вичо“. Во 1942 година бугарските власти во отсуство го осудиле на 15 години затвор, која пресуда подоцна била заменета со смртна казна.

Од 1943 година е политички комесар на Битолскиот партизански одред „Гоце Делчев“. Истата година станал член на Вториот областен комитет на КПМ и заменик политички комесар на Втората оперативна зона на НОВ и ПОМ. Од јули 1943 година бил испратен на илегална позадинска задача во Битола, каде што останал до крајот на војната.

По Втората светска војна дипломирал на Правно-економскиот факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Подоцна ја одбранил докторската дисертација за економско-социјалниот развој на Битола. Станал редовен професор на Економскиот факултет во Скопје и Прилеп.

По војната Т. Грујовски заземал голем број важни општествени функции. Бил претседател на Општинскиот народен одбор на Битола, и на Собранието на Битолската околија. По заминувањето од Битола за Скопје бил избран на функциите: секретар и пот-претседател на Извршниот совет на Собранието на СРМ.

Како правник бил доста ценет поради што бил избран за судија во Уставниот суд на Македонија. синдикален секретар (министер) за законодавство. и организација на власта на Југославија. Бил член на Извршниот комитет на Сојузот на Југославија. Еден мандат бил претседател на Сојузот на борците во РМ, како и др. функции.

Автор е на повеќе од 50 трудови од научен карактер, како и бројни историски записи, белешки, мемоари и др. вид. Позначајни изданија му се: „Битола - дејство на основните фактори врз општествено-економскиот развиток“ (Битола, 1971 г.), „Делегатскиот систем како облик на социјалистичката демократија“ (1981, Скопје), „Општествениот, економски и политички систем на СФРЈ“; „Економика и комуна“; „Битола на мојата младост“ (1987, Битола) „Времиња, луѓе…“ авторски записи и согледувања…- 1944-2004“ (2004, Скопје,); „Распадот на поранешна СФРЈ“, студија и сведоштва (2003, Скопје). Носител е на „Партизанска споменица од 1941 г.“ Добитник е на бројни ордени за воени и други заслуги.

Трајче Грујоски - Павле починал на 17 јули 2016 година во Скопје.

(извор: „Значајни личносто за Битола“, 2007. Битола)

1Tiho3 подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.