Среда, 20 Декември 2023    PDF Печати Е-пошта
Климент Шапкарев

2ka6

Климент Шапкарев (30. I. 1875 – 12. IX. 1949) е македонски просветен и револуционерен деец, член на Македонската револуционерна организација, личен соученик и личен пријател на Гоце Делчев. Бил во четата на Делчев и како еден од најписмените борци бил поставен за секретар. Тој е автор на брошурата „Спомени и размислувања за Гоце Делчев“.

Климент Шапкарев  е роден на 30 јануари 1875 година во Охрид. Тој е син на истакнатиот етнограф и фолклорист Кузман Шапкарев. Во 1893 година ја завршил Солунската егзархиска машка гимназија „Св. Кирил Методиј“. По завршувањето на Солунската гимназија студирал биологија и хемија на софискиот унивезитет.

Во гимназијата станал член на тајниот револуционерен кружок заедно со Гоце Делчев и Петар Васков.  По влегувањето во ТМОРО бил избран за нејзин пунктов началник.  

Дипломирал во 1898 година и станал учител во Самоков, а во исто време работел и како пунктов началник на Македонската револуционарна организација (МРО), организирајќи пренесување на луѓе и оружје преку границата во Отоманската империја. Во 1897 година бил делегат на Самоковското друштво на Четвртиот македонски конгрес.

Во 1904-1905 година К. Шапкарев бил учител во Одринската гимназија „Д-р Петар Берон“ и секретар на Одринскиот окружен комитет на ТМОРО. Тој бил делегат на Рилскиот во 1905 година, и на Ќустендилскиот конгрес во 1908 година.

Во Првата балканска војна, К. Шапкарев  се борел кај Одрин како доброволец во бугарската армија. Во Втората балканска војна бил во штабот на Македонско-одринското ополчение. За време на Првата светска војна бил во Велес како член на Комисија за цензура.

По завршувањето на војната 20 години предавал во земјоделското училиште во Садово. Во исто време, во 1936 година, се вклучил во раководството на Добротворното друштво на македонската емиграција „Гоце Делчев“ во Пловдив.

По Балканските војни К. Шапкарев се оженил со Амалија Примџанова, која заедно со Славка Чакарова - Пушкарова од Струга, Љуба Кљапева од Велес и Јанка Каневчева од Охрид биле членови на револуционерна женска група.

За време на Втората светска војна, по окупацијата на Македонија во 1941 година, К. Шапкарев, дошол во Битола. Веднаш по доаѓањето бил ставен за управител на Сиропатилиштето. Една година по доцна Шапкарев бил вработен за наставник по биологија во Земјоделското училиште.

Во 1944 г. бугарската власт, по капитулацијата, побарала Шапкарев да се врати во Бугарија. Но тој се скрил и останал во Земјоделското училиште. По Втората светска војна К. Шапкарев живеел во слободна Македонија нецели седум години.

Климент Шапкарев починал на 12 јануар 1949 година во Битола.

Тој е автор на брошурата „Спомени и размислувања за Гоце Делчев“ (Пловдив, 1934 г.).

(извор: „Значајни личности за Битола“, Битола, 2007 г.)

1Tiho3 Подготвил: Т.К

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.