Среда, 27 Декември 2023    PDF Печати Е-пошта
Димо Тодоровски

1dat4

Димо Тодоровски (11. XII 1910 - 27. IV 1983) е македонски скулптор, ликовен педагог, член на МАНУ, основоположник на современата македонска скулптура. Бил учесник во НОБ. На почетокот на 50-тите години инцидентно користел етнолошки мотиви, но постојано бил окупиран со теми од НОБ. Негово дело е споменикот на Мечкин камен подигнат во 1983 година. Тој е едеп од основачите и на Друштвото на ликовните уметници на Македонија.

Димо Тодоровски е роден на  11 декември 1910 година во Солун, од татко Ристо (кондураџија) и мајка Ленка. Две години потоа, пред Балканските војни, поради несигурна егзистенција неговото семејство се вратило во Прилеп. Во 1917 година неговиот татко починал, а тој од 1920 до 1929 година бил во Домот за воени сирачиња во Битола.

Во 1929 година, Тодоровски ги напуштил VI клас гимназија и Домот за воени сирачиња во Битола и се запишал на Средното уметничко училиште во Белград — сликарски отсек. По првичниот стремеж и по сугестија наредната година почнал да ја изучува скулптурата. Уметничката школа со академски курс на вајарскиот отсек во класата на Петар Палавичини ја завршил во 1936 година. На студиски престој бил во Франција и Италија.

Во текот на студирањето и потоа, Тодоровски се соочувал со недостаток на средства поради што работел како фирмописец во Битола, како сценограф во Нишкиот театар. Неговиот брат Панче Тодоровски го потпомагал.

Уште како студент Тодоровски учествувал на конкурси и добивал откупни награди. Но тој незнаел да ги вреднува своите дела, за кои му било важно да ги исполнуваат критериумите и да се убави. Голем дел од скулптурите од пред Втората светска војна му биле уништени.

Тодоровски се вратил во Македонија на почетокот на Втората светска војна. Прво бил во Прилеп, а потоа во Скопје, од каде заминал во партизани. Имено, група уметници, собрани во Народниот театар, решиле да се приклучат на движењето на отпорот. Во Горно Врановци, на слободната територија, Тодоровски, Никола Мартиноски, Василије Поповиќ — Цицо, Томо Владимирски, Здравко Блажиќ и други, дошле на идеја по војната да отворат уметничко училиште во Скопје. Идејата ја оствариле во 1945 година, а први наставници биле: Н.Мартиноски (директор), В. Поповиќ-Цицо, Т. Владимирски, 3. Блажиќ, Б. Лазески и Д. Тодоровски.

Д. Тодоровски учествувал и во формирањето на Уметничката галерија Тој е еден од основачите и на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Воспитал повеќе генерации скулптори, меѓу кои неколкумина спаѓаат во редот на врвните скулптори на тогашна Југославија. За Дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 25 декември 1969 година, а за редовен член — па 26 декемврн 1974 година.

Почнувајќи од 1937 година, кога првпат излага на Есенската изложба на сликарски и скулпторски дела на белградските уметници, Д. Тодоровски во текот на својот живот учествувал на голем број групни изложби во земјата и во странство. Нсговите дела се наоѓаат во повеќе музеи, галерии или како споменици пред јавни згради во земјата. Голема ретроспектива имал во Скопје (МСУ, 1980).

Темите за скулптурите Д. Тодоровски ги земал од животот. Обработувал социјалната тематика со реалистички пристап. Во 1942 г. извајал серија фигурини инспирирани од обичниот човек во неговото опкружување: Кеманеџија, Гатачка, Тутуноберачка. Потоа работел  и на историски композиции: Браќа Миладиновци (1945); Бегалци (1951); Св. Климент Охридски (1967). Сепак, негова окупација биле теми од македонската револуционерна борба. Негово дело е споменикот на Мечкин Камен изработен во 1983 година, Исто така, негови позначајни дела се: скулптурата „Јама“ (1956), спомениците на НОВ посветени на масакрите во Трница и Дабница (1972).

Добитник е на Наградата на град Скопје ,,13 Ноември“ за 1961 година, на Наградата ,,11 Октомври“ за 1962 година, а во 1967 година е добитник на Наградата за животно дело. Носител е на Орден на ‘грудот со сребрен венец.

Димо Тодоровски починал на 27 април 1983 година во Скопје.

(извор: Димо Тодоровски, Скопје, 1980 г; МЕ, Скопје, 2009 г.; веб страна на МАНУ)

1Tiho3 Подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.