Среда, 03 Јануари 2024    PDF Печати Е-пошта
Иван Радулов (револуционер)

1lu5

Иван Радулов (1876 - 1942) е македонски деец и револуционер, член на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација. Гоце Делчев го примил во ТМОРО. Учествувал во групата која ја киднапирала американската протестантска мисионерка Елен Стоун во 1901 г. За време на Илинденското востание во 1903 г. Радулов бил војвода во Разложскиот крај. Со цел да се соберат средства за набавка на оружје и помош за населението, по задушувањето на востанието, бил испратен во САД, каде останал до крајот на животот.

Иван (Јонко) Марков Радулов е роден е во 1876 година во Банско, Пиринскиот дел на Македонија. Неговиот татко Марко работел како кираџија меѓу Солун, Сер и Софија, а понекогаш патувал за Будимпешта и Виена. Во 1892 година, Иван Радулов влегол во Американскиот колеџ во Самоков, кој го завршил во 1896 година.

Истата година се вратил во Банско, каде Гоце Делчев го примил во ТМОРО. По совет на Делчев, Радулов се вратил во Самоков и почнал да работи во печатницата на колеџот. Тој три години илегално печател револуционерни апели, кои се дистрибуирале во Македонија и во Одринско. Неговата родна куќа во Банско станала пункт на револуционерната организација и таму одседнувале војводи како Јане Сандански и Христо Чернопеев. Учествувал во групата која ја киднапирала американската протестантска мисионерка Елен Стоун во 1901 година.

Од јули до септември 1903 година, за време на Илинденското востание, Радулов бил војвода во Разложскиот крај. По поразот на востанието се префрлил во Бугарија и се населил во Лаџене, каде што татко му имал гостилница. Но, кон крајот на 1903 година се вратил во Банско.

На 26 декември 1903 година, Задграничното претставништво на TМОРО одлучило да го испрати во САД како официјално лице на Организацијата Иван Радулов и Константин Стефанов, брат на Катарина Цилка, киднапирана во афера "Мис Стон". Нивна задача била иста како на Македонскиот комитет во Лондон, да ја промовираат револуционерната кауза и да соберат средства за Организацијата, потребни за набавка на оружје и за помош за населението.

По доаѓањето во САД, Радулов на крајот на март 1904 година учествувал во формирањето на американско - македонски комитет. Во него покрај Константин Стефанов (претседателот), Иван Радулов (благајник) и Алберт Сониксен (секретар), членови на Извршниот комитет биле: д-р Георги Чакалов, Георги Терзиев, Валтер Еванс и Јон Голдрејп.

Во изданието од 28 март 1904 година, „Њујорк Тајмс“ известува за формирањето на Американско-македонски комитет претходниот ден. Во написот се наведува дека претседателот Константин Стефанов добил писмо од сенаторот Хоар во кое се наведува дека македонската петиција е доставена до Сенатот на САД. Со оваа петиција се бара помош од Соединетите Американски Држави, Англија, Франција и Италија со која на Македонија и се гарантира хумано владеење и заштита од насилство. Во истиот напис, објавен е апел до американскиот народ, издаден од новосоздадениот Американско-македонски комитет:

„Нашата мисија во оваа земја е пред американскиот народ да ја поставиме вистинската причина за сегашната жална состојба во Македонија и да побараме од нив морална и материјална поддршка во нашата борба за толерантна егзистенција. Не сме тука за да ги промовираме политичките интереси на амбициозните државници - Македонците доволно долго страдаат од интригите на разни пропаганди поттикнати од себичната политика на странските сили - туку само за да ги претставуваме Македонците кои се борат за неповредливоста на своите домови.

Долгогодишните барања и апели не придонесоа ништо, а во некои случаи дури служеа и за влошување на односот на нашите угнетувачи. Ниту една надеж не останува освен да се прибегне кон оружје и самоодбрана. Секој борец во Македонија е човек доведен до очај од злосторствата извршени врз членовите на неговото семејство или од палењето на покривот над неговата глава. Не можеме долго да ја толерираме алчноста на митниците, корупцијата на државните службеници и негирањето дури и на најелементарното учество во владата. Но, кога нашите домови, нашите училишта и нашите цркви се претвораат во касарни за бруталната и неконтролирана турска војска, ние сме доведени во очај и ги претпочитаме ужасите со крај наместо ужасите без крај..."

Меѓутоа, новоформираниот комитет дошол во конфликт со дотогашните претставници на ВМОК во САД, д-р Станислав Шумков и Светозар Тонжоров. Поради конфликтот, изостанале очекуваните резултати - да се соберат средства со кои би де вооружиле 50.000 востаници, како и средства за помош за населението. Иако активноста на американско македонски комитет набрзо престанал, тој ја одиграл својата улога. Тој ја пропагирал каузата за правилно решавање на македонското прашање во САД, која веќе била светска сила.

По престанокот на активностите на американско македонски комитет, Константин Стфанов се вратил во Европа кон крајот на 1904 година, а Иван Радулов останал да живее во САД. Во следните години, живеел во Конектикат и Масачусетс.

Во 1910 година Радулов накратко се вратил во Банско. На враќање со себе го зел неговиот помлад брат Димитар кој бил прогонуван за револуционерна активност. Подоцна кај него дошол помладиот брат на Јонко Вапцаров - Георги Вапцаров, за кој се грижел Радулов.

Иван Радулов починал во 1942 година во САД.

1Tiho3 Подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.