Среда, 17 Јануари 2024    PDF Печати Е-пошта
Харалампије Поленаковиќ

1iit4

Харалампије Поленаковиќ (17. I 1909 - 15 II 1984) е македински книжевен историчар, универзитетски професор, академик, еден од основоположниците на македонистиката. Тој е еден од оснивачите на Филолошкиот факултет и има голема заслуга во градбата на високото школство на Скопскиот универзитет „Кирил и Методиј“. Бил професор на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Скопје., член на МАНУ и прв нејзин потпретседател уште од нејзиното формирање во 1967 година. Исто така бил член е на Српската (1965) и на Босанско херцеговската академија на науките и уметностите (1975).

Харалампије Поленаковиќ е роден на 7 јанури 1909 година во Гостивар, во занаетчиско семејство. Семејството на Поленаковиќ потекнува од малото село Полена, во близина на Москополе,  денес во Албанија, кое поради лошите услови за живеење, се преселило во Гостивар. Основно училиште завршил во родниот град, гимназија и Филозофски факултет (1934 год.) во Скопје, а докторирал во Загреб (1939 год.).

Во 1935/36 година Поленаковиќ бил асистент-дневничар, а во периодот од 1939 до 1941 година бил асистент при Катедрата за југословенски книжевности на филозовскиот факултет во Скопје. Тој му бил домашен соработник на познатиот научник, книжевен историчар Петар Колендиќ, кој бил професор на Филозовскиот факултет во Скопје од 1923 до 1941 годинa. За време на Втората светска војна и по завршувањето на војната, од јуни 1941 година па се до август 1946 година, Поленаковиќ бил асистент на Филозофскиот факулт во Белград.

По ослободувањето Н.Р. Македонија имала потреба од образован кадар, па го назначила Х. Поленаковиќ за началник на Министерството за просвета. На чело на ова министерство бил од август до ноември 1946 година, а потоа работел на Филозовскиот (Филолошкиот) факултет во Скопје како вонреден професор од 1946 до 1956 година и редовен професор се до пензионирањето.

Во текот на својот работен век, од 1946 до 1960 година Х. Поленаковиќ бил шеф на Катедрата за историја на јужнословенските литератури, во 1950/51 продекан, а во 1953/54 година декан на Филозовскиот факултет во Скопје. Работел повеќе години о како хонорарен наставник и на Филозовскиот факултет во Приштина по неговото формирање во 1960 година.  Во период од 1946 до 1984 година, тој создал како професор голем број високообразовани кадри за потребите на македонската просвета, култура и уметност, како и величенствено научно дело

По неговото враќње од Белград во Скопје  во 1946 година, кога во Македонија се полагаат основите на високото школство на македонски јазик, Х. Поленаковиќ е еден од основоположниците на македонистиката. Научна преокупација му е македонската книжевност, југословенскиот фолклор, балканистиката, лингвистиката. Со свои прилози од наведените области учествувал во изданијата на сите југословенски академии, на повеќе странски и во голем број научни и книжевни списанија во земјата и во странство.

Х. Поленаковиќ бил член на повеќе научни и ошитествени органи и организации од факултетско, универзитетско, градско, републичко, сојузно и меѓународно значење. Бил главен уредник на ,,Енциклопедија на Југославија“ (I издание од 1950—1972 г., II издание од 1976 г.). Еден e од основачите на Друштвото за македонски јазик и книжевност и главен уреднк на списанието ,,Литературен збор“ (за книжевност). Член е на Македонската академија на науките и уметностите и прв нејзин потпретседател уште од нејзиното формирање во 1967 година. Исто така, бил член е на Српската (1965) и на Босанско херцеговската академија на науките и уметностите (1975).

За своите заслуги одликуван е со повеќе одликувања: Ордеп на трудот со црвено знаме и Орден заслуги за народ со златна ѕвезда. Добитник е на повеќе повелби и плакети на Универзитетот и на Филозофскиот факултет во Скопје, на градот Скопје, на градот Гостивар, на ,,Матица српска“. Добитник е на Наградата ,,13 Ноември“ на Град Скопје (1966), на Наградата ,,11 Октомври“ — за животно дело (1974), на Наградата на град Тетово (1971) и др.

Харалампије Поленаковиќ починал на 15 февруари 1984 година во Скопје.

(извор: М.Е. Скопје,2009; https://manu.edu.mk/teams)

1Tiho3 Подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.