|
||||
Благоја Страчковски |
Благоја Страчковски (29 II 1920 – 14. I 1943 ) е македонски комунист, учесник во НОБ и народен херој на Југославија. Од 1940 година бил член на СКОЈ и КПЈ. Ток е еден од организаторите на оруженото востание во Велес и Велешко. По формирањето на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“ работел на неговото омасовување, а во септември 1942 г. се илегализирал и станал борец на Одредот. Бил именуван за комесар на чета. Учествувал во сите борбени судрувања со бугарската војска и полиција на велешкиот и на тиквешкиот терен. Во судир со бугарската полиција бил фатен и жестоко мачен, а потоа жив искасапен и закопан во касарната во Велес. Благоја Миланов Страчковски е роден на 29 февруари 1920 година во Велес, во сиромашно работничко семејство. По завршувањето на основното училиште во Велес, почнал да бара работа. Како растел така почнал да работи и тешки физички работи како на пример: кршел камен, носел малтер и др. Станал член на синдикатот и се вклучил во нивната работа. Тој учествувал во штрајкови и демонстрации против власта. Активноста на Благоја била забележана, па на почетокот на 1940 година станал член на Сојузот на комунистичката младина на Југославија (СКОЈ), а на крајот на годината член на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ). По априлската војна во 1941 година и по влегувањето на бугарските окупатори во Велес, Благоја бил избран за член на Месниот комитет на КПЈ во Велес и за секретар на Месниот комитет на СКОЈ. Во текот на целата зима 1941/1942 г. година Благоја одржувал контакти со соборците кои напролет требало да одат во партизанскиот одред. По формирањето на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“ во април 1942 година, тој работел на неговото омасовување, После одржаниот митинг во село Подлес Благој бил суден и интерниран во Бугарија. Поради сите овие активности и избегнувањето да служи на бугарската војска Благој во септември 1942 отишол во партизанскиот одред „Димитар Влахов“, каде станал политички комесар на Втората чета. Се истакнал во борбите на одредот, а во селата во кои влегувал четата одржувал говори во кои повикувал на народно востание и протерување на окупаторот. Благоја учествувал во сите борбени судрувања на Одредот со бугарската војска и полиција на велешкиот и на тиквешкиот терен. Во декември 1942, бугарската окупаторска власт презела широки акции за разбивање на одредот, во кои паднале многу негови соборци, а некои се пробиле. Благоја на крајот останал без муниција и жив паднал во рацете на непријателот. Бил однесен во касарната во Велес каде бил мачен. На 13 јануари 1943 година, бугарските војницу бесни на правокациите на Благоја дека партизаните ќе победат, како и од неможноста да извлечат информации од него, прво го закопале жив под земја, а потоа го откопале и го исечкале на парчиња. Истото го направиле и со татко му во касарната во Велес. Со указ на претседателот на ФНРЈ, Јосип Броз Тито, на 11 октомври 1953 година е прогласен за народен херој. (извор: М.Е. Скопје. 2009 година) подготвил: Т.К |