Четврток, 08 Февруари 2024    PDF Печати Е-пошта
Лика Чoпova - Јурукова

1cipu4

Лика Чoпova – Јурукова  (19. II 1895  -  5. IX 1983) е истакната просветителка и публицистка од Македонија. Потекнува од македонските револуционерни семејства Делчеви и Чопови. Внуката на Гоце Делчев учествувала во активностите на Илинденската организација и била во одборот за пренесување на неговите коски од Софија во Скопје.

Лика Јурукова е родена на 19 февруари 1895 година во Кукуш, во семејството на фурнаџијата Андон Чопов и сестрата на Гоце Делчев, Руша Чопова. Нејзините браќа Владимир, Тодор и Туше се револуционери од ВМОРО. По палењето на Кукуш во 1913 година со семејството емигрирала во Бугарија. Се населиле во Горна Џумаја (Благоевград), каде што нивниот дом ќе стане сврталиште на многу истакнати македонски револуционери.…

Долги години Лика се занимавалала со публицистичка и педагошка дејност. Учествувал во активностите на Илинденската организација и била во одборот за пренесување на коските на Гоце Делчев од Софија во Скопје. По пензионирањето живеела во Домот на активните борци во Банки.

Додека живеела во Бугарија имала желба вистината за Гоце и за своето семејство да му ја каже на светот. Но таму, во Бугарија, не можела се да каже. Некои работи и ги бришеле, а некои, воопшто, не ги објавувале.

Во 1975 година во тогашна Народна Република Бугарија бил извршен попис на населението. Во пописните листи немало рубрика националност, очигледно, за да се докаже дека во НР Бугарија живеат само Бугари. Револтирана од фактот дека НРБ не ја призна националноста на Македонците што живеат во Бугарија, како и поради одбивањето на ЦК на БКП да и помогне во пишувањето книга за Тодор Чопов, таа решила да замине во Македонија.

Имено, следејќи го Гоцевиот аманет, таа  засекогаш револтирана ја напуштила Бугарија и во септември 1976 година дошла дома, меѓу своите, онаму каде што е „столицата на независна Македонија“. Во Скопје ќе бидат објавени некои од нејзините мемоари и тука ќе изјави дека  „Гоце Делчев ѝ припаѓа единствено на Македонија“.

Лика Чопова почина на 5 септември 1983 година во Скопје. Таа е погребана на Централните скопски гробишта.

1Tiho3 Подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.