|
||||
Петар Хаџи Риндов |
Петар Хаџи Риндов (22. VI 1879 – 1937) е учител, публицист и деец на ТМОРО и Македонската федеративна организација. Активно учествувал во македонската емиграција во Бугарија. Пишувал текстови за весникот „Македонска свест“. Подоцна учествувал во левичарската Македонска федеративна емигрантска организација (МФЕО). Во 1923 година ја објавил својата книга „Патот кон независноста на Македонија и смирувањето на Балканот“. Петар Хаџи Риндов е роден на 22 јуни 1879 година во градот Ениџе Вардар, Егејскиот дел на Македонија, во унијатското семејство на Хаџи Христо Петров Стафидов и Екатерина Дуванџиева, Негов брат бил Костадин (Кочо) Хаџи Риндов. Во јуни 1901 година Хаџи Риндов завршил VII одделение на битолската класична гимназија. Станал учител, а во исто време се занимавал со револуционерни активности како член на ТМОРО. Извесен период бил секретар во четата на Лука Иванов. По поразот на Илинденското востание во летото 1903 година, Хаџи Риндов со семејството се населил во Солун. По Младотурската револуција од 1908 година бил назначен за учител во Ениџе Вардар. Тој бил меѓу основачите на Народната федерална партија (1909-1910). По промената на политиката на младотурската влада, која започнала со ликвидација на националните организации, Петар Хаџи Риндов бил прогонуван од властите. Во мај 1910 година, во Ениџе Вардар биле уапсени и обвинети за револуционерна дејност учителите Петар Хаџи Риндов и Григор Гешев, како и 6 граѓани. По големото поткупување од неговиот татко, Петар бил ослободен, по што со семејството побегнал во Бугарија. Се населил во Видрар, Трнско, каде што бил учител една година. При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година, доброволно се пријавил во Македонско-одринско ополчение. Прво бил во четата на Тодор Александров, а потоа во четата за подршка на 10 – тата прилепска дружина. Од 1918 година Петар Хаџи Риндов е училишен инспектор во Пловдив. За време на градоначалничката функција на Панајот Костов, од Костурско, Хаџи Риндов договорил да се населат македонски бегалци во пловдивскиот кварт Ќучук Париз (Малиот Париз). Хаџи Риндов активно учествувал во македонската емиграција во Бугарија. Во март 1922 година, во Пловдив, тој се приклучил на новоформираното Федералистичко друштво, во кое беа вклучени и остатоците од старото Привремено претставништво на обединетата поранешна Внатрешна револуционерна организација. Пишувал текстови за весникот на Македонската федеративна организација „Македонска сознание“, кој се застапувал за посебноста на македонскиот народ и се залагал за формирање на федерација на југословенските народи. Весникот бил финансиран од страна на југословенската влада. Подоцна учествувал во левичарската Македонска федеративна емигрантска организација (МФЕО). Учествувал како делегат од Пловдивското македонско братство на обединувачкиот конгрес на Македонската федеративна организација и Сојузот на македонските иселенички организации од јануари 1923 година. Во јули 1923 година бил избран во Управниот одбор на новооснованото добротворно друштво на македонската емиграција „Гоце Делчев“ со претседател Петар Ацев. Истата 1923 година Хаџи Риндов ја објавоч својата книга „Патот кон независноста на Македонија и смирувањето на Балканот“, во која меѓудругото ќе нашише „ „Македонија тој симбол на бодрост, творештво и борбен дух, таа лулка на просвета, љубов и братство и денес за срам на цивилизацијата – покрај лошата вековна и епска – уште стенка под тешкиот јарем на црното ропство. Таа е окована во тешките ланци од своите предаторски соседи, кои место благодарност, признание и сочуствување за жртвите поднесени од неа пред олтарот на нивното ослободување, се мачат со сите средства да ја угушат и избришат од меморијата на историјата. Но тие несреќници, се мамат жестоко. Македонија нема да умре, таа ќе живее, зошто суднината ја предопределила да изигра една голема и сапсувачка улога во историјата на човештвото.“ Хаџи Риндов починал во 1937 година во Пловдив. подготвил: Т.К |