Среда, 28 Февруари 2024    PDF Печати Е-пошта
Д-р. Петар Кушев

1src333

Д-р. Петар Кушев (24. III 1870 – 12. V 1939) е македонски лекар, политичар и револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Дипломирал медицина во Монпеље, Франција, во 1904 година, Се вратил во Македонија и работел како лекар во Скопје и родниот Велес. Станал член на Организацијата, а во 1905 година бил уапсен, осуден на 10 години и протеран во Тарабулус ал-Шам. Познат е со псевдоним Ескулап.

Петар Михаилов Кушев е роден на 24 март 1870 година во градот Велес. Се школувал во Солунската машка гимназија и во военото училиште во Софија. По зввршувањето на военото училиште во 1892 година, бил распореден во Шестиот пешадиски трновски полк на бугарската армија. Во 1898 година ја напуштил воената служба и заминал во Монпеље, Франција, каде што дипломирал медицина во 1904 година.

Се вратил во Македонија и работел како лекар во Скопје и родниот Велес. Станал член на ВМОРО. Во октомври 1905 година, д-р. Кушев заедно со Даме Груев и Мише Равигоров, како преставници на Скопскиот округ, учествувал на Рилскиот конгрес, прв општ конгрес на Македонската револуционерна организација одржан во Рилскиот манастир. Истата година бил уапсен заедно со Тодор Лазаров, осуден на 10 години и протеран во Тарабулус ал-Шам.

По Младотурската револуција бил амнестиран. Учествувал во обновувањето на револуционерната организација и во 1910 година бил избран за резервен член на нејзиниот Централен комитет.

За време наПрвата балканска војна, освен доброволечките одреди формирани од македонската емиграција во Бугарија, „дејците на Внатрешната организација како Тодор Лазарев, Петар Кушев, Тодор Александров, д-р Христо Татарчев, Христо Матов, Сандански и други, беа организирани и месни терористички чети. И овие и другите партизански одреди дејствуваа пред фронтот на сојузничките настапувања, разурнувајќи мостови, расипувајќи патишта, уништувајќи турски одреди, јавувајќи за расположението на противникот итн. Тие, исто така, за регуларните војски собираа храна и за луѓето и за добитокот.“ – пишува Димитрија Чуповски во „Македонски глас” („Македонский голосъ”, 9 јуни 1913 г., Петроград)

Во 1915 година, заедно со Димитар Точков, се приклучува на Задграничното претставништво на Македонската револуционерна организација. Истата година, заедно со Љубомир Милетиќ, Александар Балабанов и Иван Георгов, ги обиколи европските метрополи, каде ги испитуваа мислењата за прашањето за решавање на македонското прашање.

Учествувал во Првата светска војна (1915 - 1918) како дивизиски лекар на бугарската армија. За заслуги во текот на војната, тој е одликуван со Орденот на Свети Александар.

По војната бил пратеник во 21. Народно собрание од Демократскиот сојуз. Заедно со Михаил Монев е официјален претставник на ВМРО пред министерствата. Кушев бил дел и од македонската пратеничка група во XXIII Народно собрание (1931 - 1934) од Неврокопско.

Д-р. Петар Кушев бил болен од рак и се самоубил на 12 мај 1939 година во Софија.

 1Tiho3 подготвил:Т.К.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.