|
||||
Михаил Ракиџиев |
Михаил Ракиџиев (1878 - 1935) е македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација (МРО). Во 1901 година, Гоце Делчев престојувал ви неговата куќа во Битола, во која се одржало советување со Никола Русински, Јордан Пиперката и други битолски војводи. Од 1904 година бил член на Битолскиот ОРК на МРО и реонски началник на Ѓавато со околината. Во 1905 година бил осуден на 5 години затвор во Битола, но бил ослободен по Младотурската револуција. Михаил Ракиџиев е роден во 1878 година во Битола. Се занимавал со трговија. Подоцна влегол во МРО. Во 1901 година, Гоце Делчев престојувал во домот на тогашниот началник на Реонскиот комитет на МРО во Битолско, Михаил Ракиџиев. Главната негова цел при овој престој му била да се сретне со неговиот сакан другар и соработник Даме Груев, основоположникот на ТМОРО, кој во овој период се наоѓал во Битолскиот централен затвор. Во Битола останал два месеца, а за тоа време, во битолскиот затвор отишол во посета на војводата Даме Груев и остварил други средби со истакнати припадници на револуционерната организација. Се сретнал со Никола Русински, Јордан Пиперката и други битолски војводи. На заминување, во знак на благодарност, Гоце му подарил пиштол на Ракиџиев, Во 1904 година Ракиџиев бил избран за член на Битолскиот окружен револуционерен комитет на МРО и истовремено бил реонски началник на Ѓавато со околината. Во 1906 година бил уапсен за време на Аферата Лигушев, а подоцна бил во затвор, но бил амнестиран по Младотурската револуција од јули 1908 година. Иако неговото здравје многу се влошило додека бил во затвор, по амнестијата тој продолжил да се занимава со револуционерна активност. Во овој период Ракиџиев одржувал блиски врски со левичарските дејци на македонското ослободително движење, не криејќи ги своите антипатии кон десницата. По Балканските војни останал на териториите окупирани од Србија. Во Првата светска војна, откако силите на Антантата ја зазеле Битола во 1916 година, тој бил насилно протеран од градот. По војната се вратил во Битола. Михаил Ракиџиев починал во Битола во 1935 година. На 4 мај 1988 година, на годишнината од загинувањето на Гоце Делчев, во куќата на Ракиџиев, во која престојувал Гоце во 1901 година, бил отворена постојана музејска поставка. Пиштолот кој Гоце во знак на благодарност на заминување му подарил на Ракиџиев, и кој како реликвија се пренесувал од генерација на генерација, бил вреден експонат во куќата музеј. Во 2015 година, музејот бил ограбен, а во 2016 година, спомен - куќата била затворена заради конзерварорски-реставраторски зафати, како и обновување и осовременување на поствката. Подготвил: Т.К |