Среда, 10 Април 2024    PDF Печати Е-пошта
Владимир Ковачев

1kat11122334

“Пет минути од деноноќието и посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата Македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за нea. Ја сакам Македонија повеќе од се друго на светот“ 

Владимир (Славчо) Ковачев (5.I.1875 - 1910) е македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација. Тој е брат близнак со Владислав (Славчо) Ковачев, истакнат деец на Организацијата и бил близок соработник на Гоце Делчев. Уште од школски клупи Владимир Ковачев пројавувал интерес кон литературата. Со Христо Силјанов ја издаваат заедничката песнарка „Тагата на робот“.

Владимир Михаилов Ковачев е роден на 5 ти јануари 1875 година во градот Штип. Неговиот татко Михаил (1840–1908) бил раководител на Штипскиот револуционерен комитет и учесник во Илинденското востание. Чичко му Јосиф Ковачев (1839–1898), познат педагог, бил основач на првото машко педагошко училиште во Штип (1869) и автор на учебници за тогашните училишта. Брат му близнак Владислав (Славчо) е Штипски војвода во времето на Илинден и автор на брошурата „Авртономна Македонија“. Има уште еден помал брат Антон.

Владимир поминал дел од своето детство во Скопје. Образованието го продолжил во Софија, каде што со бројното семејство емигрирал кон крајот на ⅩⅠⅩ век.  Во текот на релативно краткиот живот, рано се пројавил како учесник во револуционерното движење.

Се школувал како питомец на софиското Воено училиште. Таму се зближил со Гоце Делчев и заедно со уште четворица питомци бил избркан од последниот курс поради анонимно писмо испратено до министерот за војна.

Ковачев работел како учител во Штип, Скопје и Солун. Дипломирал право на Сорбона.

Во Софија во ноември 1898 година тој е меѓу основачите на Штипското добротворно братство.

Во Софија се запознава со социјалистичките идеи и ги запознава Димитар Благоев, Васил Главинов и Спиро Гулабчев.

Уште од школски клупи Владимир Ковачев пројавувал интерес кон литературата. Од тој период потекнува неговата ракописна стихозбирка „Песни за Македонија”, а подоцна со Христо Силјанов ја издаваат заедничката песнарка „Тагата на робот“. Контактира со македонската група околу списанието „Лоза”.

Владимир Ковачев починал во 1910 година во Софија.

1Tiho3 Подготвил: Т.К.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.