|
||||
Дино Абдураманов |
Дино Абдураманов (1872 - 2. VI 1902) е македонски револуционер, член на ТМОРО и народен јунак. При престој во својот дом, бил опколен од османлиската војска и башибозук. Наоѓајќи се во безизлезна положба, првин ги убил своите најблиски, а потоа со сабја ги нападнал Турците и умрел. Тоа е еден од ретките подвизи во македонската ослободителна борба и воопшто во историјата на револуциите. Опеан е во неколку народни песни. Дине Кљусев Абдураманов (Дине Дирманчов) е роден во 1872 година во леринското село Пателе. Тој се приклучил на редовите на ТМОРО уште во 1896 година и станал раководител на месниот револуционерен комитет во Пателе. Се приклучил на група за набавка на оружје заедно со Лазар Бицанов, Пандил Шишков и Стефан Настев. Во 1901 година влегол во четата на Марко Лерински, со кој бил близок пријател. Во јуни 1902 година, Марко влегол во селото Петеле, родното место на Дине Абдураманов со неговиот одред за да ги казни предавниците на организацијата. Четата била предадена и опколена од турски војници. Во битката загинал војводата Марко, а сите четници се повлекле. Дине Абдураманов одбил да се повлече со соборците и се забарикадирал во сопствената куќа. Тој одбил да се предаде и шест часа сам се борел со турските војници. Откако останал без муниција, Дине ги нападнал Турците со јатаган и умрел. Христо Силjанов сведочи дека Дине Абдураманов направил една несекоjдневна постапка, пред да се самоубие. Тој ги убил своите наjблиски, жената, сестрата, вуjкото и ќерката, за да не паднат во рацете на неприjателот и да не се изживуваат со нив. Така според Х. Силјанов „Дине го измил срамот на своето село со еден од најретките подвизи во македонската ослободителна борба и воопшто во историјата на револуциите.“ Дине Абдураманов е опеан во неколку народни песни: Дине Дирманчов воjвода Подготвил. Т.К. |