Среда, 17 Јули 2024    PDF Печати Е-пошта
Тихомир Милошевски

1

Тихомир Милошевски (Тиќо) (23. VII 1915– 1. IV 1984) е македонски паризан, учесник во НОБ, прв командант на македонските воени единици за време на НОВ, подоцна генерал-мајор на ЈНА. Бил учесник во Февруарскиот поход, командант на Третата македонска НОУ бригада, командант на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ, командант на 41-та (македонска) дивизија на НОВЈ и командант на Петнаесеттиот (македонски) ударен корпус на НОВЈ (од окт. 1944). Со корпусот учествувал во завршните операции за ослободување на Југославија. Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ. Прогласен е за народен херој на Југославија.

Тихомир Милошевски е роден на 23 јули 1915 година во селото Битуше кај Дебар, во сиромашно печалбарско семејство. По основното училиште во родното место, тој  завршил земјоделското училиште во Тетово и Ваљево (Србија). Бидејќи немал финансиски средства своето образование го продолжил во воено училиште. По завршувањето во 1940 година добил чин офицер и бил испратен да служи на границата со Бугарија. За време на нападот на Германија врз Кралството Југославија, во април 1941 година, во краткотрајниот судир на неговата единица бил ранет. Иако ранет, тој успеал да избегне фаќање, па отишол во Скопје.

Во окупираното Скопје се поврзал со антифашистичкото движење, но бугарската полиција се обидела да го уапси и да го подложи на тортура и сослушување во затвор. Тој бил привремено ослободен од затвор, но повторно беше уапсен и интерниран во Горна Џумаја (денешен Благоеврад), Бугарија. Во јануари 1942 година се вратил од интернација.

Набрзо се приклучил на НОБ и во јуни 1943 година станал член на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ). Тогаш Месниот комитет на КПЈ во Скопје му ја доверил должноста командант на Месниот воен штаб. Во март заминал во партизански одред во Скопска Црна Гора, каде што престојувал извесно време. Потоа по наредба на КПЈ се вратил во Скопје и таму останал до почетокот на јуни. Потоа заминал во Тиквешкиот партизански одред „Добри Даскалов“. Се истакнал во борбите кај Дудица, Михајлово и други акции.

За време на подготовките за февруарскиот поход на партизанските единици во 1944 година, баталјоните, кои беа одредени да одат со ЦК на КПМ и Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија во Кумановско, беа ставени под неговата команда. Овие баталјони, низ низа борби, од јануари до средината на февруари го преминале патот од Караџово до Козјак, каде што се споиле со баталјонот „Орце Николов“. Од нив на 26 февруари 1944 година била формирана Третата македонска бригада, а за нејзин командант бил поставен Тихомир Милошевски. Бригадата под негова команда учествувала во пролетната офанзива во борбите против бугарските единици и четниците. Потоа се истакнал во борбите кај Ристовац, Пробиштип, Бесна Кобила, Петрова Гора и др.

Во јули 1944 година бил назначен за командант на Третата оперативна зона, а набргу потоа и за командант на 41-та македонска дивизија. Во октомври бил назначен за командант на Петнаесеттиот македонски корпус, кој потоа учествувал во борбите за ослободување на западна Македонија.

Во последните борби за ослободување на Југославија, како командант на 48-та дивизија, тешко е ранет кај Дуги Село кај Загреб. Заради придонесот на македонските единици во пробивот на Сремскиот фронт е прогласен за почесен граѓанин на Винковци.

На Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија е избран за член на Президиумот. Потоа е избран за заменик и член на Советот на Републиката.

По завршувањето на војната извршува одговорни должности во ЈНА. По Ослободувањето бил командант на наставен центар на ЈА во Белград и началник на штаб на воено подрачје. Се пензионирал во 1962 година со чин генерал-мајор.

Тихомир Милошевски починал на 1 април 1984 година во Скопје.

Подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.