|
||||
Георги Мончев |
Георги Мончев (1883 – 25. VIII 1913) е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација. За време на Илинденското востание учествувал во многу борби со османлиските чети како четник на Георги Сугарев или Дамјан Груев. Бил учесник во Првата и Втората балканска војна. Георги Василев Мончев е роден во 1883 година во Прилеп. Тој е син на Васил Мончев и брат на Борис Мончев и Петар Мончев. Како дете со семејството се преселил во Солун. Во 1902 година ја завршил Солунската машка гимназија, каде што станал член на Македонската револуционерна организација. За време на Илинденското востание учествувал во многу борби со османлиските чети како четник на Георги Сугарев. Македонскиот револуционер Георги Трајчев во својата книга „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.) пишува: „Манастирот „Св. Петар“ е нем сведок на настанитие околу него за време на Смилевскиот конгрес 1903 година, а „ако може да зборува, ќе ни раскаже за херојството и саможртвата на востанатиот македонски народ, кој под водство на Ѓорѓи Сугарев, Ѓакон Евстатиј, Георги Мончев и други, влезе во неравноправна борба со 12 илјадната армија на Бахтијар Паша...“. По востанието Георги Мончев бил член на Солунскиот окружен револуционерен комитет. Во 1906 година, за време на Солунската афера, кога во рацете на властите случајно паднал дневникот на учителот Андреј Мацан, тој бил принуден да замине во Бугарија. Од 1906 до 1908 година Георги Мончев бил четник на Александар Китанов и Гоце Меѓуречки. Учествувал како делегат на Ќустендилскиот конгрес. По Младотурската револуција во 1908 година, станал активист на Сојузот на бугарските конституциони клубови. Во 1911 година бил четник во Кукушката чета. Во 1912 година бил уапсен и осуден на егзил. При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година, Мончев раководел со партизанската чета бр. 27 од 10 четници на Македонско-едринското ополчение, која дејствувала во Кукушко и Солунско. Потоа служел во Втората чета на Петнаесеттиот штипска дружина, а за време на Втората балканска војна - во Здружената партизанска чета на МОО. За време на Првата балканска војна, одред од 300 Македонци предводен од Сандански заедно со бугарската коњаничка група на мајорот Цонев, на 28 октомври 1912 година влегле во Солун. Истовремено, влегле и грчки трупи предводени од престолонаследникот Константин, а потоа влегла главнината на бугарската војска. Со главнината на бугарската армија, покрај командата на 7. Рилска дивизија пристигнале и кнезовите Борис и Кирил. Во нивното обезбедување, покрај бугарската војска, учествувале четите на Тодор Александров, Михаил Думбалаков, Георги Мончев, Дончо Златков и четници на Јане Сандански. Георги Мончев бил ранет за време на одбраната на Кукуш на 26 јуни 1913 година, а по неуспешен обид да се самоубие, паднал во бесознание. Тој бил заробен пд Грците и однесен во болница каде бил отруен. Георги Мончев починал од раните во Солун на 25 август (6 септември). Подготвил: Т.К. |