|
||||
Ангел Винички |
Ангел Винички (1860 – 26. X 1902) е македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација. Заедо со Спиро Ампов и Ѓорѓи Јованчев го формирале Тајниот револуционерен комитет во Виница, кој бил меѓу првите комитети во Македонија.. Тој бил верен курир на Гоце Делчев, ја обезбедувал работилницата за изработка на бомби, која се наоѓала во село Саблер, и бил успешен организатор и пренесувач на оружје, писма ,телеграми и други материјали преку граница. Ангел Димитров Винички е роден околу 1860 (или 1867 година) во Виница. Рано останал без татко и уште од деството бил познат како Ангел Божанин, по неговата мајка Божана. Завршил основно училиште во Виница. Во 1893 година, Ангел баба Божанин Винички влегил во ТМОРО и заедо со трговците Спиро Ампов и Ѓорѓи Јованчев го формирале Тајниот револуционерен комитет во Виница, кој бил меѓу првите комитети во Македонија. Во 1894 година, Ангел станал прекуграничен илегален курир во врска со граничниот пункт Ќустендил на МРО. Тој е првиот нелегален курир на Организацијата кој ја пренесувал поштата и ги преведувал членовите и организаторите на Организацијата. Исто така пренесувал муниција и оружје од работилницата за оружје во селото Саблер кај Кустенил, Република Бугарија. Муницијата ја пренесувал преку тајни канали низ Осоговијата до село Драгобрашта каде што бил и собирниот пунк на организацијата По откривањето на аферата Виница во 1897 година, раководството на Организацијата: Спиро Ампов, Ѓорѓи Јованчев и Ангел Винички одлучиле Ангел да го премести оружјето од скривниците во Лески и Драгобраште во други скривници. Истовремено било одлучено од Виница да се изнесат сите материјали кои можат да компромитираат. За да извегнат апсење, Ѓорѓи Јованчев и Ангел Винички избегале за Бугарија. Винички се населил во Ќустендил, а потоа тајно го прибрал и своето семејство од Виница. Во 1902 година Ангел Винички се приклучил на четата на С. Ганчев, која дејствувала во Кочанско. На 25 - 26 октомври четата била предадена во Драгобрашта и била опколена од турски војници. Ангел Винички и уште тројца четници ја продолжуваат битката додека петмина други четници ја пробиваат блокадата. За да не им даде трофеи во рацете на непријателот, пред да се убие, тој ги скршил пушките, револверите и камите на своите загинати соборци. Истовремено, на своите, им ги сечел алиштата, појасите и турбаните, им ги скршил часовниците. ги расфрлал парите што ги носеле и потоа си забил една од скршените ками право во срцето. подготвил: Т.К. |