|
||||
Спиро Петров - Славејот |
Спиро Петров (20. X 187 – 4. IX 1903) е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација. Бил четник во четата на војводата Јане Сандански и учествувал во запленувањето на Мис Стоун. Во Илинденското востание бил мелнички војвода и предводел чета. Загинал во борба со османлиската војска. Познат е како Спиридон Петров, Спиро Славејот, Спиро Пејачот или Љуботски. Спиро Петров е роден на 20 октомври 1870 година во Прилеп. Се занимавал со трговија и поседувал бакалница во Софија. Во 1895 година се вклучил во Четничката акција на Македонскиот комитет. Подоцна се присоединил кон ВМОРО и од 1901 година станал четник во четата на Јане Сандански и учествувал во запленувањето на Мис Стоун. Во Илинденското востание бил мелнички војвода и предводел чета. При крајот на август 1903 година, заедно со четата на ВМОК, на чело со Константин Настев, пренесувале оружје од Банско за востаниците во Мелничко. На 4 септември двете чети биле откриени во атарот на селото Пирин, под врвот Кукла во Пирин, каде што воделе драматична битка со турскиот аскер, во која загинал војводата Петров, заедно со шестмина свои четници. Местото денес месните жители го нарекуваат Спиров Гроб. Христо Силјанов пишува: „Спиро Петров беше голем песнаџија. Пееше и за време на битката, додека еден непријателски куршум не ја прекрати песната и неговиот живот“. Отсечените глави на војводата Спиро Петров и четникот Димитар Гајгуров, биле предадени од Турците на жителите на село Пирин, кои ги погребале до апсидата на црквата „Свети Никола“. Подготвил: Т.К. |