Среда, 18 Септември 2024    PDF Печати Е-пошта
Драган Ташковски

44

Драган Ташковски (10. IX 1917 - 16. IX 1980) е македонски историчар и публицист. Бил учесник во НОАВМ, а по Ослободувањето вршел разни општествено-политички функци. Одбранил хабилитационен труд под наслов „Кон етногенезата на македонскиот народ“ (Скопје, 12. IV 1975) и бил избран во звањето виш научен соработник.

Драган Ташковски е роден на 10 септември 1917 година во Скопје, за време на Првата светска војна. Основното и средното образование ги завршил во родниот град. За време на Втората светска војна учествува во НОАВМ.

По Ослободувањето Ташевски го завршил Високото образование во Белград и Скопје. Во 1975 година на Универзитетот во Скопје ја одбранил хабилитациската теза на тема „Кон етногенезата на македонскиот народ“, по што е избран за виш научен соработник.

Тој извршувал различни функции во Социјалистичка Република Македонија. Бил учител и директор на Политичката школа при ЦК на Сојузот на комунистите на Македонија; Професор по социологија на Земјоделско-шумарско-медицинскиот факултет во Скопје; Претседател на Друштвото на филозофи и социолози на СР Македонија; претседател на Комисијата на Извршниот комитет на Претседателството на ЦК на СКМ за идеолошко-политичко оспособување на организации и членови на СКМ; директор на Институтот за социолошки и политичко-правни студии во Скопје.

Некои од неговите позначајни дела се: „Раѓањето на Македонската нација“, 1966, „Етногенеза на македонскиот народ“, Скопје, 1974; „За македонската нација“, Скопје, 1976. Во 1979 година ја напишал својата последна книга, која останала незавршена и необјавена додека бил жив (1980), но во 1985 година постхумно била објавена под наслов „Македонија низ вековите“.

Во својата книга посветена на  „Раѓањето на Македонската нација“ (НИП „Нова Македонија“, Скопје, 1966, стр.171 - 172), македонскиот историчар и социолог Драган Ташковски, за името Македонци и значењето на поврзаноста со античките Македонци пишува:

„Името Македонец во ова време во суштина стана не само синоним на словенскиот национален индивидуалитет во Македонија, туку брана против бугарскиот, грчкиот, а подоцна и српскиот напад. Старата македонска слава што ја воскреснуваа овие луѓе „од народни низни“, наречени македонисти, многу силно влијаеше врз македонските умови. Свеста дека не се Бугари, ниту Грци, ниту Срби, туку Македонци, потомци на старите Македонци, не само што го исполнуваше „простиот“ човек со гордост, туку тоа му беше и најсилно средство за самоодбрана од туѓите напади. Тоа на македонскиот човек, кој со векови беше потиснуван, му годеше, бидејќи во старомакедонската слава ги најде своите историски рамки и оправдување за своето постоење, а в о нејзиното име гледаше гаранција за блескавата иднина и опстанок, токму во времето кога не само Грците, туку и Бугарите со голема сила удрија по нивната самобитност. И кога велиме дека со овие луѓе почнува вистинската преродба на македонскиот народ, тоа не е само фраза туку факт, бидејќи тие првпат ги изложија на модерни основи народните македонски политички идеи, кои не само што дотрајаа до денеска, туку и однесоа победа над сите други идеи.“.

Драган Ташковски починал на 16 септември 1980 година на Хвар.

1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.