|
||||
Благоја Стевковски – Гојчо |
Благоја Стевковски (15. VIII 1905 - 3. XII 1965) е македонски комунистички деец, учесник во НОБ, млад поет. Бил соработник на весникот „Наша реч“ (Скопје, 1939), каде што објавил и стихотворби на македонски јазик. За време на Втората светска војна, како член на Воениот штаб на КПЈ за Куманово (1941), бил еден од организаторите на Козјачкиот и Карадачкиот НОПО. По Ослободувањето бил претседател на Советот на Врховниот суд на Македонија, предавач по стратегија на Вишата воена академија, републички народен пратеник и извршувал високи должности во Скопската армиска област. Благоја Стевковски е роден на 15 август 1915 година во Куманово. Пред Втората светска војна завршил два класа гимназија, а потоа работел како кројач. Во 1933 година, како истакнат член на СКОЈ станал почесен член на кумановската организација, а од 1935 година и член на член КПЈ. Благодарение на неговите залагања како партиски активист, во 1938 година станал секретар на МК на КПЈ во Куманово (1938). Стефковски бил автор на едночинката „Жената умира“ (изведена во Куманово, 1938) и на повеќе стихотворби на македонски јазик со социјална тематика. Тој бил соработник на скопскиот весник „Наша реч“ (Скопје, 1939), каде што објавил и стихотворби на македонски јазик. За весникот „Наша реч“ пишувал под псевдонимот Гојчо Минтан. Одделно, тој ги објави песните Реч на болната аргатка (1939), Чирак (1940) и Љубов (1940). Во септември 1940 година учествувал на Покраинската конференција на КПЈ за Македонија и бил избран за член на Покраинскиот комитет и за делегат на Петтата земска конференција на КПЈ во Загреб. Поради семејни причини тој одбил да оди во Загреб и бил исклучен од КПЈ. Во септември 1941 година, Стевковски бил вратен во партијата и бил избран за член на Месниот комитет на КПЈ за Куманово. Потоа бил член на Воениот штаб на КПЈ за Куманово. Како член на Воениот штаб бил еден од организаторите на Козјачкиот и Карадачкиот НОПО, а по нивното разбивање, бил избран за секретар на МК (јануари 1942). Автор на повеќе статии во органот на МК на КПЈ во Куманово „Октобрис“ (октомври/ноември 1942). Благоја Стевковски бил политички секретар до 1943 година. Од февруари до април 1943 година бил уапсен од бугарските власти и бил во затворот Скопје, а потоа бил интерниран во Ениќој, каде што организирал јадро на КПМ. По враќањето во октомври 1943 година заминал во партизанските единици како заменик командант, а потоа бил и политички комесар на Кумановскиот НОПО (1944). Подоцна ја презел должноста политички комесар на Брегалничко-струмичкиот (македонски) корпус. Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ, а од војната излегол со чин полковник, По војната Стевковски како искусен првоборец и висок воен старешина, ја извршувал должноста „помошник командант за заднина на воено подрачје”, најпрвин во Скопската армиска област (1945 - 1953), па потоа во Сараево (1953 - 1954), Белград (1954 - 1956) и од 1956 до 1965 година, бил на служба повторно во гарнизон Скопје. Во меѓувреме, вонредно завршил гимназија, а потоа дипломирал на Правниот факултет и завршил Висока воена академија на ЈНА во Белград, каде станал и предавач по стратегија. Во 1962 година успешно положил генералски испит и се здобил со чин „генерал-мајор”. Тој бил претседател на Советот на Врховниот суд на Македонија и републички народен пратеник. Благоја Стефковски – Гојчо починал на 3 декември 1965 година во Скопје. Стевковски е носител на бројни одликувања: Партизанска споменица од 1941; Орден за храброст; Орден за воени заслуги со златни мечеви; Орден на братството и единството со златен венец; Орден Партизанската ѕвезда со пушки; Орден за заслуги за народ со сребрена ѕвезда; Орден на Народната армија со златна ѕвезда и др. Подготвил : Т.К. |