|
||||
Кирил Симоновски – Џина |
Кирил Симоновски – Џина (19. X 1915 – 12. VI 1984) е македонски и југословенски фудбалер и тренер. Бил член на ФК „Југ“, ФК „Победа“ и ФК „Граѓански“ во Скопје. Во времето на окупацијата (1941–1944) играл за СК „Македонија“ од Скопје, кој се натпреварувал во Елитната дивизија на Бугарија. По Ослободувањето играл за армиски клуб ФК „Партизан“ и репрезентацијата на ЈНА и десетпати за репрезентацијата на Југославија. За ФК „Вардар“ од Скопје одиграл 75 натпревари и дал 25 голови. Кирил Симовски – Џина е роден на 19 октомври 1915 година во Скопје. Завршил основно училиште. Потоа почнал да игра фудбал. Станал член на ФК „Југ“, потоа на ФК „Победа“ и на ФК „Граѓански“ во Скопје. Во времето на окупацијата (1941–1944), Џина играл за Спортскиот клуб „Македонија“ од Скопје (поранешен ФК „Граѓански“), кој се натпреварувал во Елитната дивизија на Бугарија. Клубот завршил втор на Бугарското државно првенство во 1942 година. Џина и неговиот брат Благоја под принуда одиграле и два натпревари за бугарската репрезентација. Потоа заминал во партизани. Во Народноослободителната борба (НОБ) учествувал од 1944 година. По Ослободувањето бил прекомандуван од скопската во белградската воена област, каде играл за белградскиот клуб ФК „Партизан“, формиран од Југословенската армија (ЈА). Тој е првиот македонски фудбалер што настапил во овој клуб. Џина останал во клубот околу четири и пол години и настапил на 171 пријателски, првенствени и меѓународни натпревари. Џина играл за репрезентацијата на ЈА и десетпати за репрезентацијата на Југославија. Тој е првиот македонски спортист што успеал да ја носи капитенската лента на една југословенска репрезентација. Тој бил првиот капитен на ФНР Југославија во првиот официјален натпревар по војната, на 9 мај 1946 година играа пријателска уталмица против Чехословачка во Прага. Како гостински тим, југословенската репрезентација го доби натпреварот со 0-2. Македонецот одиграл вкупно 10 натпревари и постигна еден гол против Романија на 11 октомври 1946 година, на Балканскиот куп во главниот град на Албанија, Тирана. Исто така, тој е прв македонски спортист носител на златен медал на официјално меѓународно натпреварување од Балканското фудбалско првенство. Џина играл и за ФК „Вардар“ од Скопје, за кого одиграл 75 натпревари и дал 25 голови. Фудбалската кариера ја завршил во ФК „Партизан“ во Белград, а потоа се посветил на тренерската работа. Тој бил тренер на ФК Партизан, ФК Вардар Скопје и на други клубови од поранешна Југославија, Грција и Кипар. Кирил Симовски – Џина починал на 12 јуни 1984 година во Белград. Подготвил: Т.К. . |