|
||||
Стефан Баџов |
Стефан Баџов (31. V 1881 – 25. VI 1953) е уметник од Македонија, кој работел и живеел во Бугарија. Работел главно од областа на применетата уметност во мал формат, илустрацијата, ликовно - просторниот распоред и црковното сликарство. Тој е автор на дизајни за државниот грб на Кралството Бугарија, на ордени, дипломи, сертификати, банкноти, акции, амблеми, поштенски марки и други. Илустрирал книги, детски публикации и списанија. Стефан Николов Баџов е роден во Крушево на 31 мај 1881 година. Во 1906 година завршил декорација и сликарство во Прашката уметничко-индустриска школа под К. Машек. По завршувањето заминал за Бугарија, каде во 1908 година, го презел раководството на студиото „Декоративни уметности“ при Уметничкото индустриско училиште во Софија, кое во 1921 година прерасна во Уметничка академија. Таму ја продолжил својата наставна дејност како професор по декорација. Главните интереси на Баџов биле ориентирани кон антиквитети, фолклор, занаети, ткаенини и везови. Автор е на голем број студии од областа на културното наследство, потоа на дизајни за државниот грб на Кралството Бугарија, накит за кралското семејство, на ордени, дипломи, сертификати, банкноти, акции, амблеми, поштенски марки, поштенски марки, банкноти, натписи на компании и друго. Илустрирал книги, детски публикации и списанија. Тој е илустратор и уредник на списанието „Детски свет“ и на списанието „Детско знаме“. Ги сликал фреските на црквата „Свети Седмочиселници“ и куполата на црквата „Свети Никола Софиски“ во Софија. Учествувал во реставрацијата на фреските во Бојанската црква, како и во уредувањето на внатрешноста на дворците Врана, Царска Бистрица и Ситњаково. Стефан Баџов учествувал како делегат од Крушевското добротворно братство на обединувачкиот конгрес на Македонската федеративна организација и Сојузот на македонските иселенички организации од јануари 1923 година. Исто така тој е основач на Македонскиот научен институт и земал активно учество во неговите активности. По промената на власта на 9 септември во 1944 година, тој бил уапсен и малтретиран од новата влада. Иако бил ослободрн, со години, до крајот на животот, бил третиран како „непријател“. Стефан Баџов починал на 25 јуни 1953 година. Подготвил: Т.К. |