|
||||
Никола Герасимов (лекар) |
Никола Герасимов (1870 - ?) е македонски лекар и револуционер. Од 1904 година бил лекар во педагошкото и свештеничкото училиште во Скопје. Тој постојано ја следел здравствената состојба на стационарите во улога на училишен и интернатски лекар. Герасимов се занимавал и со револуционерна дејност и бил член на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација Никола Герасимов е роден во градот Тетово. Тој ја завршил Солунска машка гимназија. Потоа го посетувал Медицинскиот факултет во Константинопол. Но, поради обуката која таму не била во тек со модерната медицина, тој заминал да студира медицина во Франција. Герасимов дипломирал медицина во Нанси во 1900 година. Потоа завршувањето на студиите се вратил во Македонија. Но за да започне приватна пракса морал да полага државен испит во Константинопол. Откако положил, заминал во родното Тетово. На почетојот на мај 1900 година, скопскиот лекар д-р Владимир Руменов, кој бил осомничен од турските власти како деец на Македонската револуционерна организација, го напуштил Скопје и Герасимов се пријавил за негово место. На крајот на мај 1900 година Герасимов добил дозвола, но неговото назначување било одложено поради различни пречки. По добивањето на дозволата, Никола Герасимов се населил во Скопје, каде што работел како лекар повеќе од 10 години. Од 1904 година бил лекар во педагошкото и свештеничкото училиште во градот. Таму предавал хигиена и практична (популарна) медицина во повисоките одделенија на двете училишта. Во улога на училишен и интернатски лекар, Герасимов постојано ја следиел здравствената состојба на стационарите. Покрај нивната состојба, тој ги следел и условите во кои живееле и учеле учениците. На крајот од секоја академска година, тој подготвувал извештаи за резултатите и давал препораки. Во нив, тој инсистирал да се ангажираат и други згради за пансионите и училиштата, бидејќи дотогаш користените биле нехигиенски и непрактични. Поради неговите силно исистирање, наставничкиот совет одлучил да изнајмува нови згради, со што се подобрило здравјето на учениците. Герасимов се занимавал и со револуционерна дејност. Тој бил член на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација. Подготвил: Т.К. |