Среда, 29 Септември 2010    PDF Печати Е-пошта
Тоше Проески – небесниот ангел на љубовта

tose-proeskiПРОЕСКИ, Тодор - Тоше (Прилеп, 25. I 1981 – Нова Градишка, Хрватска, 16. X 2007) – вокален интерпретатор, Амбасадор на Добрата Волја на УНИЦЕФ, една од најголемите ѕвезди на македонската и балканската музичка сцена. Музичката кариера Тоше ја започнува со настапот на Макфест `97, кога најави дека на македонската сцена се појавил вокал со извонреден потенцијал. Песните „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“(1998), му го отворија патот до ѕвездите. Тоше Проевски стана познат и за меѓународната јавност со песната „Тајно моја“ изведена на фестивалот Славјански базар, а со учеството во 2001 година на изборот за Песна на Евровизијата во Истанбул, беше дефинитивна потврда дека тој е пејач од светски ранг. Соработува со повеќе македонски автори како што се Г. Копров, К. Костов, К. Габровски, Х. Котларовски, како и со голем број на познати балкански и светски музичари и композитори (Жељко Јоксимовиќ, Леонтина, Бора Чорба, Миро Буљан, Антонија Шола, Марина Туцаковиќ и др.). Третиот албум „Ако ме погледнеш в очи“ го сними во соработка со грчкиот композитор Фебус (Phoebus), со продуцентот Влахос (Влахос) и текстописецот од Србија М. Туцаковиќ. Издал повеќе албуми во Македонија и во странство, а соработувал со менаџерски и издавачки куќи од Англија. Тоше станува заштитен знак и музички бренд на Македонија. Умира на 16 актомври 2007 година во сообраќајна несреќа во Хрватска, а денот на неговиот погреб беше прогласен за Ден на Национална Жалост. Постхумно е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Ќе остане запаметен со неговата порака „Ве сакам сите“

ВОКАЛЕН ИНЕРПРЕТАТОР СО АНГЕЛСКИ ГЛАС

Наследувајќи го музичкиот талент од таткото Никола и мајката Доменика, Тоше Проевски љубовта кон музиката ја покажува од мали нозе. По завршувањето на Средно музичко училиште во Битола, своето образование Тоше го продолжува во Скопје, каде студира соло пеење. До дипломирањето на Музичката академија во Скопје му останаа уште два испити, кои требаше да ги полага во пролета 2008 година. Додека се припремаше за дипломската работа, целовечерен класичен концерт, музичките финеси ги усовршувал во Њу Јорк, кај Вилијам Реј, кој порано му бил учител на Лучиано Павароти.

Вдахновен од Бога со ангелски глас, како десетгодишник, Тоше Проески со изведбата на „Аве Марија“, ќе ја воодушеви публиката, а  во 1992 година учествува на фестивалот „Златно Славејче“ со песната „Јас и мојот дедо“, која ја пее на влашки јазик. Кариерата на поп пејач ја започнува на фестивалот Макфест 1997 година, каде ќе ги најави своите извонредни вокални способности. Песните „Пушти ме“  во 1997 година и „Остани до крај“ во 1998 година, ќе му го отворат патот до ѕвезденото небо на музичката сцена. Музичката соработка со Григор Копров, ќе му донесе два од најголемите хитови: „Усни на усни“ и  „Сонце во твоите руси коси“. Во успешната 1999 година, Тоше ќе го издаде својот прв албум "Некаде во ноќта" и ќе го одржи својот прв самостоен концерт.

Во јуни 2000 година, Тоше ќе го промовира и својот втор албум “Синот Божји". Голем број од овие песни како "Во коси да ти спијам", "Немир", "Илузија" и "Тајно моја", ќе станат хитови. Истата година ќе го освои второто место на фестивалот „Сунчане скале“ во Херцег Нови, Црна Гора, а српската продукциска куќа „BK Sound“ ќе ги откупи правата за издавање на следниот албум на Тоше. Сето ова ќе доведе Тоше да добие Оскар на популарноста на просторот на поранешните југословенски републики за 2000 година, а неговите концерти во Скопје и Белград ќе бидат распродадени.

Тоше со својата нова менаџерка Љиљана Петровиќ, го снима својот трет албум "Ако ме погледнеш во очи", на македонски и српски јазик. Третиот албум Тоше ќе го сними во соработка со грчкиот композитор Фебус (Phoebus), со продуцентот Влахос (Влахос) и текстописецот од Србија М. Туцаковиќ.  Во 2002 година оди на турнеја во Србија и Црна Гора, Босна и Херцеговина, а покасно во Хрватска и Словенија, каде што остварува огромен успех. Со песната „Чија си“, Тоше победува на „Беовизија“, во 2003 година. Песната станува огромен хит во повеќе балкански земји, а музичките критичари Тоше го нарекуваат пејач со ангелски глас.

И покрај огромната популарност која ја стекнува, Тоше не го менува својот карактер. Останува скромен. Полн со љубов кон луѓето, ги помага децата и учествува на бројни хуманитарни концерти. За својата хуманитарна активност ја добива наградата Мајка Тереза во 2003 година, а во 2004 година е именуван за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издаде песната „Овој свет“, на македонски и „This world“ на англиски

Тоше Проески ја преставува Македонија на изборот за песна на Евровизија 2004 во Истанбул, Турција, каде го освојува  14-то место со песната Life (англиска верзија на “Ангел си ти”). На прес конференциите го привлекува вниманието на новинарите со презентации на своите извонредни благогласни оперски квалитети.

На хрватската музичка сцена Тоше се пробива во 2004 година, благодарејќи на соработката со Тони Цетински, со песната „Лагала нас мала“. Неговата популарсност се зголемува со издавањето на албумот на босански јазик „Дан за нас“, со што му се овозможува да се појави на хрватскиот етер.  Колкава е неговата популарност во Хрватска, најдобро покажува неговиот избор за најдобар хрватски пејач, иако нема хрватско потекло. Тоше беше единствен странски пејач кој ја освоил главната награда Хрватскиот радио фестивал. За две години во Хрватска издаде преку 40 песни на хрватски јазик и продаде 40 илјади албуми. Антонија Шола за Тоше ја напиша песмата „Срце није камен“, која беше една од најчесто слушаните песни на хрватските радија во 2006 година.

Тоше Проески беше голем верник кој својот духовен мир го наоѓаше во манастирот „Свето Преображение“, во Крушево. По престојот близу до бога и природата, духовно окрепен и осветлен од златните сончеви зраци, ги освојуваше народите на поранешните југословенски републики. Пренесувајќи ја духовната свирка и пораката за мир и љубов, славејот од Крушево ги тешеше поединците и ги зближуваше народите. Во последните години, Тоше триумфираше на бројните фестивали во државите на поранешна Југославија. Неговиот албум „По тебе е се`’ со недели остануваа на врвот на листите во Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина, а сингловите, пак овој албум, остануваат со месеци на врвот на топ листите.

И покрај огромната популарност која ја стекна на поранешните југословенски простори, Тоше никогаш не ги заборави своите македонски корени. Тој го издава албумот „Божилак“, кој е компилација од 14 одбрани македонски народни песми, пропратени од симфониски оркестар. Последниот албум „Игри без граници“, ќе го издаде во 2007 година. Како спортист кој ја сака својата земја, со огромна страст ќе ја отпее спортската химна  „Македонија навива за вас“, која македонските навивачи ќе ја запаметат и прифатат од прва. Тоа беше и последна снимена композиција на Проески. На 5 октомври 2007 година, на градскиот стадион во Скопје Тоше Проески го оддржа  последниот хуманитарен концерт, пред повеќе од 40.000 посетители, посветен за ревитализација на училиштата во Македонија.

Божјата судбина сакаше да го прибере своето чедо во рајските двери. Тоше Проевски загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година на автопатот Загреб – Липовац, кај Нова Градишка, на пат од Скопје за Загреб. Возилото марка Volkswagen Touareg, со кое управувал возачот и пријател на Тоше, Ѓорѓи Ѓеоргиевски, тоа кобно утро ќе удри во задниот дел на приколка на камион кој се движел пред нив. Тоше Проески загинал на лице место. Неговиот пријател и возач поминал со потешки повреди, додека со полесни повреди поминала неговата менаџерка Љилјана Петровиќ.

Веста за смрта на „најголемата балканска ѕвезда“, и на „човекот со ангелски глас“, набргу ќе ја обиколи Македонија и Балканот. Неа ќе ја објават сите балкански медиуми и најголемите светски новински агенции. Македонската телевизија ќе ја прекине програмата за да извести за смрта на Тоше Проевски.

Трагичната вест ја потресе македонската јавност. Народот почна да се собира на плоштадите низ македонските градови за да запали свеќа, додека сите угостителски објекти, радио и телевизиски станици спонтано пуштаа само негови песни. Колку беше ценет и сакан Тоше во својата земја зборува и податокот дека претседателот и премиерот на државата се упатија на скопскиот плоштад за да запалат свеќа, а претседателот на Собранието низ солзи ја соопшти веста за одложување на работата на парламентот. Со своја изјава излезе и поглаварот на Македонската православна црква.  Во Македонија 17 октомври 2007 година беше прогласен ден на национална жалост.  На тој ден, во присуство на неговите родители, роднини, пријатели, музички соработници и обожаватели од целиот Балкан, Тоше Проески беше испратен до неговиот вечен дом.

Со смрта на Тоше, Македонија загуби личност што беше „нешто најдобро што земјата го имала во последните 50 години“. Неговата слава на Балканот „Би-Би-Си“ ќе ја спореди со онаа на Елвис Присли во САД. Денес неговиот гроб во Крушево го посетуваат илјадници фанови од Македонија и Балканот.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.