Среда, 11 Мај 2011    PDF Печати Е-пошта
Јане Сандански

jane-sandanskiЈане Сандански (с. Влахи, Мелничко, 18 мај 1872 година Пирин Планина Мелничко,  22. IV 1915) – е истакнат македонски револуционер, војвода и раководител на ТМОРО – ВМРО. Од 1895 до 1897 година учествувал во четничкото  движење организирано од ВМК, а од 1899 година преминал во ТМОРО. Јане Сандански ги поминал сите развојни фази од обичен борец, преку главен војвода, до командант на оперативен штаб. Бил еден од главните организатори на пленувањето на мис Елен Стон. Се противел на решенијата на Солунскиот конгрес за кревање востание во 1903 година, но по започнувањето на востанието го извел Крстовденското востание во серскиот револуционерен округ. Бил поистакнат преставник на Серската група и Реформската струја, и е еден од оснивачите на Народната федеративна партија. Со своите чети учествувал во Младотурската револуција и во Балканските војни. Животот го завршил обидувајќи се да ја спречи Бугарија во вклучувањето во Првата светска војна бидејќи тоа би значело нова катастрофа за Македонија. Во текот на неговата бурна воена и политичка дејност, се застапувал за ослободување на цела Македонија, за сочувување на територијален интегритет и создавање самостојна македонска држава.

Јане Сандански е роден на 18 мај 1872 година во селото Влахи, Пиринска Македонија. Потекнува од земјоделско семејство. Татко му Иван, во 1878 година учествувал во Кресненското востание како знаменосец (барјактар), односно заменик на главниот војвода. По задушувањето на Кресненското востание, семејството било приморано да се пресели во Дупница, Бугарија. Тука Јане пораснал, завршил основно образование и втор клас гимназија. Две години работел како чевларски чирак, потоа уште две години како молбописец, па адвокатски помошник кај својот вујко и самостојно.

Воениот рок во бугарската армија го отслужил од 1892 до 1894 година во Ќустендил, во 13 – от пешадиски рилски полк. Како резултат на покажаните резултати во воената обука бил произведен во чин помлад водник. Уште како младинец бил активен меѓу македонската емиграција во Дупница и се запознал со револуционерните идеи и за борбата на македонскиот народ за слобода. Сето тоа кај него предизвикувало чуство на долг кон татковината. Слушајќи дека Македонскиот врховен комитет (МВК) во Софија, подготвувал востание и дека за војводи на чети биле повикани старите ајдути, се  одлучил веднаш по отслужувањето на воениот рок да им се приклучи.

Во 1895 година се приклучил во четата на Стојо-војвода, но првите искуства по навлегување на четата во Серско, биле разочарувачки. Наместо да се борат за заштита на македонското население четата грабела и убивала, не само од турското туку и од македонско христијанско население. Разочарувањето се зголемило слушајќи ги избеглиците од Македонија, кои зборувале за уште поголеми злосторства. Но целосен пресврт во размислувањата на Јане, направил Ефто, дојденец од неговиот роден крај. Неговото прашање: „Вие избегавте, се спасивте, а колку незаштитени останале, а ти син на барјактар - зошто ти избега", оставиле тешко бреме во душата на Јане. Тој ќе одлучи да се врати во Македонија, со нови одбрани борци, со кои ќе се бори за нејзината слобода. За намерата го запознал и Димо Хаџи Димо во 1896 година,  од кого за првпат ќе разбере дека во Македонија имало револуцпонерна организација.

Сепак Јане ќе одбере да не учествува во никакви акции се додека добро не ги проучи приликите во Македонија и проблемите со кои се соочува македонското револуционерно движење. Со цел самообразување и дружење со седум други Македонци во 1897 година ќе го формира друштвото „Младост“ . Две години бил претседател на друштвото, а по разговорите во 1899 година со Димо Хаџи Димов кој бил учител во Дупница  и Гоце Делчев, најпосле станал официјален член на ВМРО.

Објаснувањата на Гоце дека „Кон слободата нема лесен пат“, и дека „Слободата нема да ни ја донесе ниту Фердинанд. нигу кој било друг. Сами ќе си ја пзвојуваме. но треба да се подготвиме за долга и тешка борба. Внатрешната организација ќе го подготви народот за востание. Робот треба да се прероди и да востане.". всушност ќе ги разбие сите нејаснотии и двоумења кај Јане. За него Гоце ќе стана апостол чија идеја како сенка ќе ја следи до крајот на својот живот. Синот на знаменосецот од Кресненското востание, следејќи ја идејата како и патеките на војводите од неговиот крај, Иљо Малешевски, Димитар Поп Георгаев Беровски и други, кои за Јане биле вистинска духовна храна, многу брзо се возвиши во народен трибун и во заштитник на народот, кој од почит го варекол „пирински цар".

Во 1901 година, од Делчев бил испратен за војвода во пограничните региони на Серскиот округ за заштита на организацијоната територија од навлегување на врховистите. Со помошта на Гоце, Согледувајќи дека населението е сиромашно за набавка на оружје и дека неможе да смета на ВМК на чие чело, по апсењето на Борис Сарафов, бил  генералот Цончев, човек на бугарскиот кнез, кај првите луѓе на Организацијата се родила идеја за доаѓање до парични средства преку грабнување на богати или други значајни лица, и добивање откуп за нивно ослободување.

Идејата за грабнување созреала токму кај Сандански. Откако пропаднал планот да го грабнат Сулејман-бег, синот на пашата во Џумаја. Сандански ќе го изврши познатото киднапирање на американската мисионерка мис Елен Стон. Грабнувањето на мис Стон и нејзината преведувачка Цилка, од македонска народност, го извршува во август 1901 година на патот кон селото Банско. Турските власти, одбивајќи да го исплатат откупот, испраќаат многуилјадна војска која безуспешно се обидува да ги ослободи заложниците и да ја ликвидира четата на Сандански. По трите неуспешни битки, Турците на 20 јануари 1902 година во Банско ќе му исплатат на Сандански 14.000 лири, а мис Стон и Цилка, која во меѓувреме роди девојче, ќе бидат ослободени кај струмичкото село Градошорци на 10 фебруари 1902 година. Подоцна Сандански ќе ги искористи парите за купување на оружје и муниција, неопходни за водење на револуционерната борба. Додека траеше целата оваа драма, а мис Стон и Цилка уживаа во гостопримството на македонскиот народ, дотогаш печатот во Европа и Америка, непрекинато се занимава со сензационалниот настан и се содаваа легенди.

Во текот на 1902 година Сандански ќе справува се последиците на врховистичките вооружени правокации во Горноџумајско и ќе работи на ширењето и зацврстувањето на Организацијата. Согледувајќи ја состојбата на теренот, тој жестоко се спротивставил на решението на Солунскиот конгрес во 1903 година за кревање на востание. Сепак во Серскиот округ Окружниот конгрес решил востанието да почне на 14 септември, на Крстовден, акциите да имаат партизански карактер и да се одвиваат надвор од населените места. До поголеми судири дошло во Демирхисарско, Мелничко, Неврокопско, Разлошко и Горноџумајско, а во акциите заеднички учествуваат и врховистичлите чети по налог на ЦК. Дошло до неуспешна соработка со врховистите, кои го прекршуваат договорот за востание и набргу ќе избегаат назад преку граница во Бугарија.

По задушувањето на востанието основната цел на врховистите и понатаму останала иста, а тоа било завладување со организацијата и потчинување на потребите на бугарската држава. Главна пречка за оваа реализација бил Јане Сандански кој како престседател на Серскиот револуционерен округ ја предводи левицата на македонското револуционерно движење и жестоко се пресметувал со нив. Сандански ја застапува идејата дека: „македонскиот народ е самостоен народ кој има право на самостоен живот“ и затоа “треба да се борат за издвојување на својата слобода без да се надеваат на туѓа помош, зошто оние кои ќе дојдат да ги ослободат, всушност ќе дојдат да не заробат“. Бидејќи сите дотогаш употребени средства не дале резултати, врховистите организираат поход со цел да го ликвидираат Сандански. Во жестока борба на 7 април 1904 година, кај селото Кашна, врховистите биле наполно разбиени.  Проблемите во Серскиот како и во другите револуционерни окрузи ќе бидат причина за свикување на Рилскиот конгрес во 1905 година, на кој учествувал Сандански.

Лордот Лансдау изнесувајќи факти за состојбата во овој период во Македонија, во делото „The Balkan Question“ (Балканското прашање), објавено во март 1905 година, во Лондон, покрај другото, ќе наведе дека: „Во Македонија постои една таква состојба во која луѓето од една иста народност се фаќаат за врат еден со друг поради верските особини, додека луѓето од една иста вера си ги вадат очите еден со друг поради особините на народноста". Неколку месеци подоцна и д-р Карло Блинд во својата статија „Бугарските злосторства против Бугарите" објавена во весникот „Пал-Мал Газете" од 5 јули 1905 година, ќе напише: „...Двата воставички комитети меѓусебно се уништуваат. Цончев го предводи врховистичкиот, а Сандански централистичкиот комитет, односно внатрешната организација. Сандански се прикажува како единствен претставник, Македонец. Тој си поставил за цел од Македонија да создаде независна држава, која единствено би можела да влезе во составот на „Балканска федерација", кога таквата сомнителна творба еднаш би се создала. Цончев од своја страна тежи да создаде „Бугарска автономна Македонија", која потоа би се соединила со Кнежевството Бугарија".

По Рилскиот конгрес и целосниот расцеп во Организацијата, Сандански целата своја дејност ја заснова на самостојноста на Македонското ослободително движење, а борбите со четите на врховистите продолжиле со целата жестина во цела Македонија се до младотурската револуција. Влијанието на Јане Сандански врз македонската левица било забележано и од страна на бугарската влада, па и таа настојувала да го ликвидира. Македонската десница по убиствата на Борис Сарафов и на Иван Гарванов во 1907 година, донела решение да се изврши атентат врз Јане Сандански. На 24 септември 1908 година во Солун, една група, испратена од Софија на чело со војводата Тане Николов, извршила неуспешен атентат врз Јане Сандански, при што е ранет.

Нешто подоцна групите на Сандански и Чернопеев ја формираат Народната федеративна партија, во која зазема активно учество во создавањето и раководењето. Нејзината програма предвидувала Отоманската империја да се реформира како Источна федерација и да се образуваат самоуправни вилаети: Македонија, Албанија, Ерменија. На 14 август 1909 година само четири дена по основачкиот конгрес на НФП, пак во Солун, бил извршен втор обид за убиство на Сандански. Како организатори на овој атентат се споменуваат Димитар Ризов, бугарски дипломат родум од Битола и публицистот Никола Наумов од Штип, кој постојано престојувал во Солун како дописник на Бугарската телеграфска агенција, секако со логистика на бугарските и австриските тајни служби.

Во 1908 година соработувал со младотурците и се залага за автономна Македонија и легален политички живот. За тоа зборува неговиот манифест од 18 јули 1908 година во кој ги поканува малдотурците за соработка. Кога реакционерните сили го презеле турскиот парламентот, кон силите на Младотурците се приклучил и одред од 1200 македонски револуционери предводени од Јане Сандански, Тодор Паница и Христо Чернопеев. Тие учествуваат во Младотурскиот поход на Цариград и по тридневни борби, на 24 април 1909 година, контрареволуцијата била совладана. Македонските револуционери со својата храброст одиграле важна улога во совладувањето на реакционерните сили и во детронирањето на султанот Абдул Хамид II.

Кога веќе не успеале со атентатите, бугарската влада се обидела да ги искористи несогласувањата помеѓу Влахов и Сандански и да создаде раздор во НФП. Бугарската тајна полиција ангажирала група лнтелектуалци од македонската десница кои со заговор ќе ја растурат НФП. Со низа валкани игри и подметнувања од страна на лица од македонската десница. судирот помеѓу Димитар Влахов и Јане Сандански, односно помеѓу „влаховистите" и „сандинистите" толку се заострил што нивното натамошно заедничко дејствување во НФП боло невозможно. Нејзиното доуништување го завршиле бруталните акции на Младотурците во 1910 годша. На 5 јуни 1910 годша излегол последниот број на партискиот орган, а веќе во август 1910 година НФП, речиси, престанала да постои.

Јане Сандански учествувал и во Првата балканска војна, на страната на Балканскиот сојуз со јасно изразени цели за самостојна македонска држава. На 30 октомври 1912 година со своите чети го ослободил Мелник и како претходница на Бугарската армија дејствувал при заземањето на Рупелската клисура, со што го овозможува поразот на турскиот Струмски корпус. Како претходница на 7 – та Рилска дивизија, Сандански со својата придружба и бугарските коњаници на мајорот Цонев влегуваат во Солун, веднаш по предавањето на градот на Грците од страна на Таксим паша на 8-ми ноември 1912 година. Дури следниот ден во Солун влегуваат 7-мата Рилска дивизија и грчки трупи. На банкет одржан по повод ослободувањето на Солун, Сандански одржал здравица и рекол, дека пие за здравјето на новата држава автономна Македонија. Тогаш сите присутни бугарски офицери, ги извадиле своите сабји и започнале да се закануваат дека за такви зборови глави ќе паѓат и јазици ќе сечат и дека не за тоа е пролиено толку бугарска крв. По ваквите изговорени зборови тој мирно го напуштил банкетот и Солун.

За време на Втората балканска војна, кога Грците го запалиле Кукуш и вршеле геноцид над македонскиот народ, Јане Сандански наново ја собрал четата и ја зазел Рупелската клисура. Со тоа ги прекинал врските на грчката војска, што овозможило таа да биде поразена од бугарската војска кај селото Бело поле, Џумајско.

Разочаран од поделбата на Македонија, сакал да ги казни виновниците. Неговите немери биле откриени а како голем противник на врховизмот и на бугарската завојувачка политика кон Македонија и неговата непомирлива борба за самостојна Македонија, по наредба на кнезот Фердинанд, бил убиен од заседа од своите идејни противници на Пирин Планина, на 22 април 1915 година..

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.