Среда, 06 Јули 2011    PDF Печати Е-пошта
Војводата Стефан Ролев „Железниот Ролев“

stefan_rolev_240Стефан Атанасов Ролев (с. Врбени, Леринско, 15.VIII.1865 – Битола, 24.XII.1969) – македонски револуционерен деец, војвода на ВМРО и еден од од најсестраните македонски спортисти на сите времиња. Бил член на ВМРО, атентатор, инструктор и војвода во Илинденското востание во 1903 година, во Леринско.

Војводата Стефан Ролев „Железниот Ролев", е еден од зачетниците на македонскиот спорт.

Патувал во повеќе европски земји и САД, каде што добро ги запознал гимнастичките вештини и спортот. Како учител по гимнастика бил еден од најистакнатите педагози и дејци во областа: на физичката култура во Битола и Македонија. Здобиените искуства ги пренесувал на своите ученици и на членовите на друштвата „Бигленски јунак“ во Лерин и „Пелистерски јунак“ во Битола (1908 – 1912). Се залагал за популаризација на повеќе спортови. Приредувал јавни настапи во боречките спортови и вештини

Стефан Атанасов Ролев е роден на 15 август 1865 година во Леринското село Врбени (Екши-су), Егејска Македонија. Детството го минува во родното место. Се стекнал со основно образование, а подоцна школувањето го продолжил во Битола каде завршил егзархиска гимназија. Од бога, неговото тело било надарено со атлетска конституција, а вежбајќи со текот на времето се стекнал со извонредна физичка сила. Кај населението ќе стане познат како „Железниот Ролев".

Поседувајќи извонредни физички предиспозиции Стефан Ролев земал активно учество на спортските манифестации кои се организирале за време на црковните и други собири. Овие манифестации биле уште повеќе потикнувани по формирањето на Македонската револуционерна организација. Градските и селските комитети ТМОРО/ВМРО обрнувале големо внимание кон народните форми на спортските активности и го потикнувале народот да ги негува овие спортски манифестации и масовно да учествува во натпреварите.

Стефан Ролев во 1901 – 1902 година влегол во четата на Марко Лерински. Паралелно со агитациско-организационите активности четата на Лерински вршела и воени обуки. Со формирањето на вооружените чети, во духот на старите ајдучки традиции, во нив повремено биле организирани натпревари во трчање, скокање од место, со залет и троскок, фрлање на камен, борење, мечување, борење со стапови, стрелање и друго.  Биле изведувани и воено и тактички вежби  (талими) и во училиштата. Во овие активности предничеле комитетите и четите во Битолскиот вилает.

Строгоста и железната дисциплина која ја вовел Марко Лерински во четата му одговараат на Стефан Ралев. За време на обуките Ралев се стекнал со повеќе воени вештини, а уморот од прекумерната обука го челичат неговото тело. Истовремено тој се стекнал со самодисциплина која ќе му овозможи не само да приготвува пеколни машини и бомби, туку и да ги изведува најсложените доверени задачи, како и да командува со чета.

За време на Илинденското востание во 1903 година, како и во ослободителните борби на македонскиот народ во постилинденскиот период, Стефан Ролев како Војвода на чета зел активно учество. Ролев бил познат како „Војвода Бигленски и Лерински“. По востанието и демобилизирањето на четите, Ралев емигрира. Патува со спортска група низ Европа и САД, каде што добро ги запознал гимнастичките и други спортски вештини меѓу кои: акробатиката, атлетиката, кревање на товар, борењето и боксот.

Откако младоста ја поминал како револуционер во борбата за ослободување на македонскиот народ,  по враќањето во Македонија, животот го посветил на спортот. По Младотурската револуција во 1908 година, на негова иницијатива прво го основал  гимнастичкото друштво „Бигленски јунак“ во Лерин, а потоа во Битола и гимнастичкото друштво „Пелистерски јунак". Во периодот од 1908 до 1912 година, Ролев како искусен педагог, здобиените искуства ги пренесувал на своите ученици и на членовите на друштвата. Всушност тој бил еден од првите македонски спортисти и педагози кој преку друштвата „Бигленски јунак“ и „Пелистерски јунак“ ја развива физичката култура во Македонија.

Членовите на „Пелистерски јунак“ носеле свои клупски униформи, се занимавале со строеви вежби, со вежби на подвижни справи и со многу спортски и културно-уметнички активности. „Железниот Ролев“, како основач и рководител на друштвото, покрај тоа што приредувал јавни настапи во Битола, на кои биле застапени културно-спортските активности, како атракција често пати знал пред јавноста да крши камен на градите, виткал железо и сл.

Во Битола, уште во времето на младотурскиот режим, Стефан Ролев го организирал првиот бокс-меч. Мечот го одржал  со спаринг партнер, кој боксерската вештина ја научил за време на престојот во Индијанополис во САД. Боксерските ракавици ги обезбедил битолскиот апотекар Крсте Франго, а самиот меч го забележала и филмската камера „300“ на браќата Манаки.

Во 1911 година, Ролев повторно се преобразува од мирен педагог и спортист во револуционер и се подготвувал да изведе атентат на султанот Мехмед V за време на неговата посета на Битола. Но, влијателни луѓе на Организацијата, кои не сакале непотребни крвопролевања во градот,  успеале да го спречат во неговата намера.

Стефан Ролев во текот на својот живот, често приредувал бројни јавни настапи во боречките спортови и вештини, а организирал и егзибиции. на велосипеди и мотоцикли и масовни планинарски походи на Пелистер. „Дедо Роле“ кој бил омилен меѓу децата и младината,  своите последни години Ролев ги поминал во Битола. Честопати знаел да им раскажува за своето бурно минато исполнето со авантури.

Во едно интервју ќе остане забележана неговата изјава: „Бев терорист, ја пренесов бомбата по тајниот ходник до Отоман банка, комита, војвода и мировен судија за нашето население. Го ликвидирав Али Черкезот наречен `Лерински тиранин`, злогласениот Ибраим наречен `крволак`. Турците ме нарекоа „човек – ѕвер“. Оти бев многу силен, вистински гладијатор, бестрашен и ризичен тип, склон кон авантури. За Македонија жив во оган ќе влезев, ако тоа Организацијата ми го наредеше. Но истовремено ги проучував фискултурните системи на Англија, Швајцарија, Шведска, Данска, Норвешка, Полска и Чехословачка. Давав јавни –атлетски приредби со учениците за Битолчани... Мислам дека мојот живот корисно го одживеав, ставајќи го на олтарот на Македонија.“

Стефан Ролев живеел 104 години. Починал на 24 декември 1969 година во Битола.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.