Среда, 13 Јули 2011    PDF Печати Е-пошта
Захарија Василева Шумљанска

ZaharijaЗахарија Василева Шумљанска големиот добротвор и хуманист заборавена од македонската јавност.

Многу години пред Мајка Тереза, во Македонија постоело уште едно благородно срце кое за својата добротворна и хуманитарна дејност зад себе ќе остави неизбришливи траги кај македонскиот народ. Во првата половина на XX век, во знак на почитување и благодарност за нејзината грижа кон македонските сираци, болни и сиромашни, македонскиот народ ќе ја нарече Мајка Шумљанска.

Денес малку Македонци знаат, дека некогаш Битола, градот на конзулите и клавирите, имал своја Мајка Тереза. За жал, во Македонија не постои никаков споменик за Мајка Шумљанска, кој ќе не потсети дека големата добротворка по Илинденското востание отворила „Дом за сираци“ во Битола, болница во Солун во кој се лечеле македонските борци за време на Балканските војни, а пред крај на својот живот и сиропиталиште за македонските емигранти во Софија.

Моминското име на оваа енергична, полна со иницијативи и решителна жена, е Захарија Василева Таа е родена на 15 мај 1864 година во битолското село Могила. Но, најновите сознанија говорат дека е родена во Битола.

За време на школувањето, Захарија се истакнува со својот интелект. Таа е најдобра меѓу своите соученички и ги завршила со одличен успех основното и прогимназиското образование во Битола. По завршувањето на училиштето во Битола добива стипендија од градските татковци и оди да учи во Пловдивската гимназија, која ја завршува со одличен успех во 1895 година.

Во Македонија се вратила како учителка и воспитачка. Седум години работи како учителка во во Воден, а потоа уште толку учителствува во Скопје, Одрин и Солун. За тоа време ќе го запознае својот животен сопатник, полскиот емигрант Јулијан Шумљански. Заедно со сопругот Јулијан кој бил австроунгарски поданик и наставник по природни науки во Солун, Битола и Серес, започнале иницијативи за потпомагање на подјармениот македонскиот народ. Нивната иницијатива започнува за време на Илинденското востание, кога многу села се изгорени и опустошени, народот раселен, а многу деца остануваат сирачиња и бездомници.

Захарија како да била предодредена за добротворна и хуманитарна активност со која ќе ја намали болката на несреќниците. Во годините по Илинденското востание, во 1906 година, битолската учителка со поддршка на владиката Григориј, отвора бесплатна трпезарија за соромашни деца во помошните простории во дворот на црквата „Св. Богородица“ во Битола, кои подоцна ќе станат дом за сирачиња. Во домот биле згрижени околу 110 деца од сите краеви на Македонија, меѓу кои и трите сирачиња на Војводата Питу Гули. Шумљанска ги згрижува и другите деца на македонските војводи. Таа била многу наклонета кон македонската револуционерна организација, па на македонските револуционери им помагала и додека биле во затворите, носејќи им храна и облека.

За да го одржи Домот за сираци, таа редовно собирала донации. Во тие несигурни времиња било голем ризик да се патува, но Захарија Шумљанска за да обезбеди помош, со женска придружба, патувала за Охрид, Прилеп и Крушево. Во нејзините напори за обезбедување донации и помага целата Битолска, Прилепска, Крушевска јавност, како и Охриѓани. Богати и сиромаси донирале, според можностите. Меѓу нив се имињата на видни личности од тоа време како Николаки Робев, Рафаел Кахми, Бомбол и др.

Ваквата солидарност на македонскиот народ ќе им посмета на гркофилите во Битола. Додека Захарија прави напори за да се изгради сопствена зграда, гркофилите ќе ги известат турските власти дека семејството Шумљански е симпатизер на Македонската револуционерна организација и дека во Домот често престојуваат македонски револуционери. Под нивен притисок, турските власти во 1910 година, ќе го интернира семејството Шумљански во Солун.

По интернација,Захарија не престанала да се интересира за „Домот за сирачиња“. Таа редовно била информирана за состојбите со до 1912 – 1913 година, кога за време на Балканските војни, домот бил уништен.

Во 1912 година во Солун Захарија отвара болница за ранетите македонски војници, но со доаѓањето на грчката власт тие стануваат повторно предмет на прогон. За време на Првата светска војна, поради наклонетост кон македонското револуционерно дело, најпрвен биле ставени во домашен притвор, а подоцна била одвоена од семејството и интернирана во Мехади и Рас Селтин, Северна Африка.

По интервенција на Полска, во 1919 година Захарија е ослободена од заточеништво и заминуваат во Софија. Наскоро Јулијан умира, а Мајка Шумљанска отвора сирипиталиште во Софија со име „Битола“. Тука наоѓаат засолниште 120 деца бегалци од Македонија.

Захарија Василева Шумљанска умира на 18. XI 1937 г. во Софија. За својата хуманост, несебичност и извонредната благородна дејност, таа од македонскиот народ била наречена Мајка Шумљанска.

За жал, Мајката Шумљанска како и многумина македонски чеда, денес е заборавена од македонската јавност. Ваквиот однос кон сопствените претци само им помага на историчарите од сосените земји кои во недостаток на сопствени чеда ги присвојуваат македонските и ги прикажуваат како бугарски, српски или грчки дејци.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.