Среда, 13 Јули 2011    PDF Печати Е-пошта
Донка Ушлинова- војвода

Donka-ushlinovaДонка Ушлинова (Смилево,Битолско, 21.XII.85 - Варна, Бугарија 27.VI.1937) -  македонски револуционер, член и војвода на Македонската револуционерна организација. Во август 1902 година влегува во четата на Ресенскиот војвода Славејко Арсов и станува член на Македонската револуционерна организација. По Илинденското востание, Донка како доброволец на Македонско-одринското ополчение, учествува во Балканските војни, а подоцна и во Првата светска војна За време на битките таа равноправно се носи со мажите, а за покажаниот хероизам била одликувана со ордени за храброст и добила подофицерски чин. До крајот на својот живот таа била член на друштвото на резервни офицери на Варна „Другарски сојуз“, а ги негувала и родните идеали.

Донка Ушлинова е родена во 1885 година, во село Смилево. Детството го поминува во родното место на Даме Груев и голем број македонски револуционери. Безгрижноста на детсвото во кое таа се задојува со духот на македонската револуционерна борба набрзо поминале. Имала само 15 години кога се омажила за Ставре Христов од селото Лера, Битолско.

Додека мажот и бил на печалба, Донка била следена и вознемирувана од еден Турчин. Неможејќи да го издржи неговото насилничко однесување, таа за да ја заштити честа своја и на семејството, ја зела правдата во свои раце. Во август 1902 година, со помош на јатрвата Сребра, жена на брат и Апостол, таа го убива Турчинот и го закопува на месните гробишта. За да ја избегнат одмздата на Турците, Донка, Сребра и Апостол бегаат во планините каде наишле на четата на Ресенскиот војвода Славејко Арсов. Тие добиваат комитска облека и се придружуваат на четата.

Донка станува член на Македонската револуционерна организација и активно се вклучува во борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава. За време на Илинденското востание, таа учествува во повеќе борби кои се водат во Битолскиот револуционерен округ. Равноправно се носи со мажите во првите борбени редови кај селата Лева река, Смилево, Златари. По убиството на Војводата Славејко Арсов, во 1904 година,  Донка, Сребра и Апостол преминале во четата војводата Ѓорѓи Сугарев.

Христо Настев еден од соборците на Донка, за неа ќе напише: „Донка  е пониска на раст од Сребра и мургава, но со строго изразени очи. Особено љубопитна  и секогаш со задоволство разговорлива, таа како добар соговорник лесно се приспособуваше кон сите. Ревносно ги издржуваше сите напори и лишувања за време на животот во четата; а кога се зборуваше за стореното убиство, секогаш пламнуваше .. при што го искажуваше своето чуство на омраза и задоволство дека ликвидирале еден злочиненец.“ Секогаш на крајот од разговорот додавала: „Сега можам веднаш да умрам мирно“.

По извесен период поминати во четата, преку Србија се повлекуваат во Бугарија. Во Варна повторно го сретнала својот сопруг Ставре Христов.  Живеат мирен живот се до почетокот на Балканските војни, кога од македонската емиграција во Бугарија била формирана доброволната воена формација позната како Македонско-одринско ополчение. Донка заедно со својот сопруг Ставре, како доброволци влегуваат во состав на Втората чета на осмата Костурска Дружина на Македонско-одринското ополчение.

По добивањето на оружјето од бугарските власти, македонските доброволци наместо да учествуваат во ослободувањето на Македонија, биле испратени на фронтот во Тракија. Иако изиграни, Македонските ополченци уште на почетокот на борбите се покажале мошне борбени и успеале да ги принудат силите на Јавер паша на повлекување. Во овие борби учествува и Донка, а посебно се истакнува во борбите на Саркој, Галиполи, при пленуването на Јавер паша, Руен и Султантепе. За покажаниот хероизам Донка добива чин „ефрејтор“ и била одликувана со два ордени „За храброст“ од трети и четврти степен.

Првата светска војна веќе една година се водеше, кога цартсвото Бугарија во 1915 година се приклучи на страната на Германија и Австро-Унгарија. Донка и нејзиниот маж Ставре повторно како доброволци пристапуваат во Вториот пешадиски македонски полк (преименуван во 60-ти пешадиски полк) на Единаесетaта пешадиска македонска дивизија. Донка равноправно со мажите учествува во борбите кај Дојран, Круша Планина и многу други.

За покажаната бестрашност и херојство во борбите, Донка била одликувана со Орден за Храброст од втор степен, а во текот на 1917 година добила чин подофицер и Орден за Храброст од прв степен. Орденот лично и го доделил генералот Никола Жеков. Истовремено со орден бил одликуван и нејзиниот маж. Донка била предложена да добие и офицерски чин, но крајот на војната во 1918 година го попречува доделувањето на оваа офицерска титула.

По демобилизацијата, Донка со сопругот добиваат парична помош од 10.000 лева од бугарската држава. Со парите Донка и Ставре градат мала куќа во Варна, во која во 1924 година им се родил синот Александар. Иако таа е сопруга и мајка, се до крајот на својот живот таа била член на друштвото на резервни офицери на Варна „Другарски сојуз“.

Донка Ушлинова умира на 27 јуни 1937 година во Варна.  По нејзината смрт, Македонскиот женски сојуз издава некролог: „Почина Донка војвода, жена револуционерка, херој и смел борец за родните идеали...“

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.