|
||||
Јоаким Крчовски |
Јоаким Крчовски (с. Осломеј. Кичевско, околу 1750 - 1820) – е првиот автор на новата македонска книжевност. Јоаким Крчовски живее и работи на преминот од XVIII во XIX век. Откако изучил школа во Цариград, учителствувал долго време во Кратово. Од 1787 година бил назначен за свештеник, а околу 1807 година по смртта на жената, станал монах. Познат е како проповедник, кој заедно со синовите проповедале по разни цркви и параклиси во Северна Македонија. Првпат отвора мешано училиште во Кратово. Починал на едно од неговите патувања за пробудување и просветување на народот. Своите дела ги создавал како поука за народот, а за да бидат блиски и разбирливи, ги пишувал на народен јазик. Составил пет книги што биле печатени во Будим. Биографијата на првиот автор на новата македонска книжевност Јоаким Крчовски, располага со малку податоци. Во науката се претпоставува дека Крчовски е роден некаде во средината XVIII век, околу 1750 година. Врз основа на презимето и народната традиција, родното место на Јоаким се врзува со Кичево (турски Крчово), конкретно со кичевското село Осломеј. Поврзувањето со селото Осломеј произлегува од народно предание во кое „Пејчиновиќ како да им зборувал на некои свои познати дека учел во манастирот Јован Бигорски „при некојси Иво од с. Осломеи (Кичевско), кој после станал јеромонах Јоаким и ја напишал книгата „Различна поучителна наставленија...“. Кратовското народно предание за животот на Јоалим се надоврзува на претходното. Според него, татко на Јоаким бил од Кичево и се преселил во Самоков, оттаму во Паланка, па во Кратово. Во Кратово Јоаким учителствувал долго време, откако претходно изучил школа во Цариград. Во Кратово Крчовски ги напишал своите дела. Бил познат како проповедник и проповедал заедно со своите синови Георги и Давид Крчовски по разни цркви и параклиси од Штип до Ќустендил. На едно патување, околу 1820 г., Јоаким Крчовски умрел. Постои и трето, паланечкото народно предание кое кажува дека ,,Јоаким бил роден од кратовските села". Според него, по доаѓањето во Паланка, Јоаким Крчовски се оженил и имал три сина. Во семејството Крчовски, кај неговите внуци, постоела сингелија, свештеничка диплома, од која се гледа дека во 1787 година Јоаким бил назначен за свештеник. Според преданието, по смрта на жената Достана, околу 1817 година Јоаким станува монах. Преданието не кажува кога починал Јоаким, но говори за големата почит што ја укажувало месното население на гробот на Јоакима даскала. Постои и уште едно самоковско предание, во коешто родоначалникот на македонската книжевност бил познат под името Јоаким Крчо. Праденаиата како и неговите преставувања на страниците на неговите дела ја даваат скромната слика на неговиот животен пат. Јоаким Крчовски сите овие дела ги пишува на жив, народен говор, со што тој станува прв автор на новата македонска книжевност. За да биде поразбирлив и да може да допре до читателот или слушателот, своите дела Крчовски ќе ги оживи и освежи со народниот јазик. Неговите дела ќе станат наполно достапни и за иајобичниот читател, кој не го знаел „светиот“ црковнословенски јазик. Благодарејќи на тој јазик, делата на Крчовски ќе доживеат по повеќе од пет-шест изданија. Употребата на простиот народен јазик во книжевноста е една од главните вредности на делата Крчовски. Јоаким Крчовски бил чедо на манастирската школа и целокупното негово дело преставува обид да му „помогне на својот народ како да проживее живот достоен на правоверен христијанин и да го дочека крајот на живото спокојно со увереност дека исправно живеел и работел“. Во текот на шест години, од 1814 до 1819 година, Јоаким Крчовски напечатил пет дела меѓу кои: „Слово исказаное заради умирание“, „Повест ради страшнаго и втораго пришествија Христова“, „Повест ради страшнаго и втораго пришествија Христова“, „Чудеса пресвјатија Богородици“ и „Различна поучителна наставленија“. Сите негови дела се печатени во Будим. Во 1814 година во Будим се печати првата книшка на народен македонски јазик со наслов „Слово исказаное заради умирание“. Своето дело Јоаким го пушта во светот анонимно. Избегнувањето да го наведе своето име произлегува од претпазливоста на Крчовски, зпшто за првпат наместо на црковнословенски или на грчки јазик, се печатело дело на народен македонски јазик. Тоа е мала книшка од триесет страни кои содржи две проповеди за воспитување во христијански дух, а првата и го дава и името на книшката. Иако таа е анонимна, препознатлив е стилот и јазикот на Крчовски. Во втората книшка „Повест ради страшнаго и втораго пришествија Христова“, отпечатена истата година во Будим, Крчовски за првпат му се преставува на читателот. На насловната страна стои дека книшката е напишана од хаџи Јоаким даскала. Од тоа дознаваме дека бил учител (даскал) од стар ков, дека основал мешано училиште и дека бил аџија што значи дека го посетил Ерусалим. Делото кое имало апокрифни елементи станало доста популарно кај народот, за што говори појавата на уште едно издание и неколку преписи. До печатењето на третата книга се појавува нов писател на македонската сцена. Во 1816 година во Будим се печати Огледало на Кирил Пејќиновиќ, која ќе влијае на Крчовски. Третата книга на Крчовски „Сија книга глаголаемаја митарства“, печатена 1817 година во Будим, открива дополнителни податоци за него. Тука тој дава податоци дека е монах и дека неговот.„Повест ради страшнаго и втораго пришествија Христова“, о презиме е Крчовски. Митарства е поголемо дело од 62 страници каде има апокрифни елементи кои ќе предизвикаат интерес кај читателите и истата ќе се препечатува и препишува.. Оваа книга има верско-морализаторски карактер. Четвртото дело „Чудеса пресвјатија Богородици“, како и претходните е печатена во Будим во 1817 година. На насловницата не се спомнува авторот, но на страна 3 се вели дека пртеводот е направен „трудом же Јоакима в монасех многогрешнаго“. Јазикот кој се употребува, издавачите на делото, кој се исти како и кај другите дела на Крчовски, наведува на заклучокот дека тој е автор и на ова дело. Последното книга на Крчовски „Различна поучителна наставленија“, која е отпечатена на 310 страни во 1819 година во Будим, е најголемото негово дело. Оваа дело претставува зборник од различни слова со побожно-морализаторска содржина. Крчовски користел текстови од „Евангелието“ и „Стариот завет“ за да ги поучи луѓето да го поправат својот карактер и да живеат според христијанскиот морал. Книгите на Јоаким Крчовски одиграле важна улога во верската и моралната просвета. Зацврстувањето на верата значело и зацврстување на националната свест. Неговите текстови не се со оригинална содржина, тоа се преводи или преработки на христијански текстови, но важно е тоа што се напишани на народен македонски јазик. Затоа тие претставуваат почеток на новата македонска литература. |