|
||||
Стефо Николов - Скендер |
Стефо Николов - Скендер претседател на Народното собрание на Македонија во Гремен-ТеќеСтефо Николов - Скендер (1855 –1902) – македонски револуционер и кресненски војвода, претседател на Народното собрание на Македонија, турски затворник и предилинденски војвода на ТМОРО. Учествува во Кресненското македонско востание (1878-79), а потоа во 1880 година станува претседател на Народното собрание на Македонија во Гремен-Теќе. Стефо Николов е роден во 1855 година селото Бесена, Преспанско. Немал можност да се образува и релативно млад, како 13-годишник тргнал на печалба во Анадолија. По осум години аргатување по анадолските градчиња се вратил во родниот крај. Се оженил и се главил да работи како овчар во селото В’мбел. Неговата колиба станува засолниште на преспанската дружина на познатиот комита Васил Журката и како јатак го чува цела зима. Во 1877 година учествува во убиството на зулумџијата Чолак-Реџеп. Наклеветен и прогонет од Турците, се одметнува во планина и создава своја дружина. Стефо Николов се бори против турските и албанските бабаити и се прославува како заштитник на народот. Во тешка битка заробува цела турска потера. по што есента се префрлува во Грција, каде со грчките востаници се бори во Тесалија. Решението на Берлинскиот конгрес Македонија да остане во состав на Отоманската империја во летото 1878 година, слично како и клаузулите од Санстефанскиот договор го вознемируваат македонскиот народ кој бара независност на Македонија. По одлуките на Конгресот во Македонија се развива вистинско спонтано востание. Македонските довроволечки чети кои претходно се бореле во Руско-турската војна (1877 – 11878) во српските и руските војски, навлегуваат во Источна Македонија каде се развива вистинско спонтано Македонско востание. Освен во овој дел каде избувнало Кресненското востание, востанички жаришта се развиваат и во други делови во Македонија. Во Западна Македонија центар на востаничка активност станува територијата меѓу Кожани Бер, Катерина и Воден, како и територијата меѓу Битола, Корча и Костур, каде во тоа време беснее, пљачка, убива и силува кесеџијата Мајљо – бег. Стефо Николов, познат под прекарот Скендер, со дружината се враќа во Преспанскиот крај. Заедно со придружните војводи Никола Гиза и Михаил Дарда, тој ги очистува зулумќарите го подготвуваат населението за општо македонско востание. Покрај охридскиот митрополит Натаниел Охридски, познатиот македонски револуционер Димитар Поп Георгиев – Беровски, Константин Буфски и други, војводата Стефо Николов станал еден од главните организатори кои го подготвуваат Кресненското востание, познато како Македонско востание. Во есента 1878 година, преку Мариово и Кочанско се префрла на презимување во Бугарија. Веќе во пролетта 1879 година година, дружината на војводата Стефо Николов повторно се собира. Тој бил назначен за капетан, а неговата дружина составена во најголем дел од доброволци од Костурско и Леринско, била именувана како „Четврта чета“ на „востаничката војска“. Четата која броела 78 доброволци, до 12 март 1879 се наоѓа во Ќустендилскиот регион по што се префрла во Горноџумајското село Падеш. Во текот на месец мај заедно четите на војводите Павле, Каракоста и Караискаки, во состав од околу 300 востаници, Стефо Николов навлегува во Македонија со цел да го крене месното население во Битолската област. Го развива востаничкото знаме и се движи по малешевските мариовските и костурските планини. Во Мариовското поле кон четата се приклучува месното население. Преку Мегленските планини четите се насочуваат кон Воден, а во текот на јули се судира со турските војски во Негушката планина. По задушувањето на Кресненското востание во летото 1879 година, под раководство на вратените доброволци како Стефо Николов, Константин Буфски и Леонидас Вулгарис се создава нов заговор за решавање на македонското прашање. Од 21 мај до 2 јуни 1880 година, во присуство на 32 делегати од сите краишта на Македонија, при учество на Македонци, Власи и Албанци, во месноста Гремен Теќе одржано е Национално собрание на Македонија „Единство“. За претседател на Народното собрание на Македонија бил избран Стефо Николов. Со решение на Националното собрание на Македонија била избрана Привремена влада на Македонија – Единство, која упатува упатува апел до големите сили за праведните барања на македонскиот народ за ослободување на Македонија. Тие се залагаат за Автономна Македонија, но и за создавање на македонска самостојна држава која ја поврзуваат со античка Македонија, Филип и Александар. Немајќи поддржка од големите сили и доволно воени сили, Националното собрание и Владата на Македонија се откажува од идејата за кревање на внатрешно востание. Иако полека згаснала, Нациналното собрание и Привремената влада на Македонија силно влијаела врз развојот на македонската револуционерна дејност. По згаснување на привремените македонски институции, четите продолжиле самостојно да делуваат. Во 1883 година Стефо Николов со четата заминува во Тиквешко и го ликвидира злосторикот Адем-ага од село Градец. Повлекувајќи се пред турската потера бил опколен по што доаѓа до силна битка прво кај село Рожден, а потоа кој село Бапчор Костурско. Успеал да се пробие и да се засолни во Грција, но тука го обвинуваат за убиство и 13 години лежи во грчки затвор. Во 1900 година, по ослободувањето заминува во Софија. Во пролета 1902 година формира чета на Врховниот комитет и како војвода на ТМОРО со неа влегува во Македонија. Во месец мај, на пат за Леринско, се судира со турската потера. Во битката која се води со побројниот турски аскер, на планината Чеган, во близина на селото Горничево (Леринско) Стефо Николов загинува во мај 1902 година. |