Среда, 27 Јуни 2012    PDF Печати Е-пошта
Кирил Македонски

kiril-makedonskiКирил Македонски (19. I. 1925 - 4. VI. 1984)  е еден од позначајните македонски композитори од втората генерација. Тој е автор на првата македонска опера „Гоце“ (1954), како и на оперите „Цар Самоил“ (1968) и „Илинден“ (1973). На подрачјето на оркестарската музика, значајно дело е симфониската поема „Танчарка“ (1952), како и петте симфонии. Напоредно со компонирањето, Македонски се занимава и со проблемите од областа на музичката психологија, посебно со музикотерапијата, постигнувајќи видни резултати на тој план и во меѓународни размери.

Кирил Македонски е роден на 19 јануари 1925 година во Битола. Основно образование завршил во Битола, а средно учел во Битола и Скопје каде и матурирал во 1946 година. Кирил, чие вистинско презиме било Вангелов, уште како мал покажува голем талент и интерес за музиката, и по наговор на татко му почнал да учи виолина на 11 години.

По завршувањето на средното училиште, студирал во Музичките академии во Загреб, Сараево и Љубљана на отсекот за композиции и диригирање. Во 1947 година се запишал на Музичката академија во Загреб, во класата на Крсто Одак, а во 1959 година дипломирал на Музичката академија во Сараево во класата на Иво Бркановиќ. Магистрирал од областа на композицијата во Љубљана кај композиторот Луцијан Шкерјани.

Кирил Македонски продолжува со своето усовршување и како стипендист на полската влада, во 1970 година шест месеци престојувал во Варшава, а потоа во 1974 година бил на Меѓународниот курс за современа музика во Дармштат, (тогаш Западна Германија). Во истата 1974 година, Кирил Македонски учествувал и на меѓународниот конгрес за нова музичка нотација во Ган, Белгија.

Во своето творештво, Кирил Македонски се стреми за создавање на македонски национален стил, притоа користејќи ги карактеристиките на народниот мелос и современите музички достигнувања во XX век. Тој најчесто твори инспириран од македонската национална историја.

Кирил Македонски е автор на првата македонска опера „Гоце“ која на сцената на МНТ за првпат е изведена во 1954 година, по либрето на Венко Марковски. Операта „Гоце“ има големо историско значење за македонската музика и преставува голем исчекор на македонските автори во освојувањето на најголемите музички форми. Тој е автор на уште две други оперски дела, оперите „Цар Самоил“ и „Илинден“. Во 1968 година, по повод дваесет годишнината од МНТ, за прв пат е изведена операта „Цар Самоил“, а по повод седумдесет години од Илинденското востание во 1973 година, за свечаното отварање на Мајските оперски вечери изведена е и операта „Илинден“, со што тој со музички јазик го заокружил својот творечки оперски опус со теми од историското минато на македонскиот народ.

Исто така, Кирил Македонски е еден од првите македонски симфоничари. На полето на оркестарската музика, негово значајно дело е симфониската поема „Танчарка“ (1952), како и петте симфонии создадени во периодот од 1956 до 1978 година. Покрај нив, тој е автор на повеќе видови композиции: камерни, детски песни, музика за радиодрами и драмски претстави, како и за филмска музика (десетина краткометражни и три долгометражни филмови). Тој е автор на музиката за играниот филм „Македонска крвата свадба“.

Композициите на Кирил Македонски се изведувани во земјата и странство. Неговите дела, љубителите на музиката можеле да ги слушнат во Аргентина, Бугарија, Германија (Западна и Источна), Данска, Куба, Полска, Романија, САД, Советскиот Сојуз, Франција, Холандија и др.

Напоредно со компонирањето, Кирил Македонски се занимавал и со педагошката дејност. Работел како професор во Битола, а од 1973 година и во Скопје. На Педагошката академија „Св. Климент Охридски“ во Скопје, тој ги предава предметите Хармонија и Интонација.

Во последните години од својот живот, посебно внимание му давал на истражувањата од областа на музичката психологија, посебно со музикотерапијата, постигнувајќи видни резултати на тој план и во меѓународни размери.

Со своите сознанија учествувал на повеќе симпозиуми и конгреси во земјата и странство. За својата работа Кирил Македонски добитник е на повеќе меѓународни награди и признанија меѓу кои: Диплома за музикотерапија, од Интернационалниот институт во Кембриџ, Англија, а во публикацијата на УНЕСКО, национална комисија за Белгија, е забележан како работник во областа на музикотерапијата во светот.

Кирил Македонски починал на 4 јуни 1984 година во Скопје.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.